Незадоволство во Србија | Свет | DW | 06.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Незадоволство во Србија

Протестите во Србија се проширија во 18 градови. Младите протестираат против премиерот Александар Вучиќ и „украдените избори“.

Трет ден по ред улиците во дел од српските градови се преполни со демонстранти, главно млади луѓе, кои протестираат против премиерот Александар Вучиќ и „украдените избори“.

Нивните пароли гласат: „Против диктатура“ и „Долу со теророт“. Претставниците на студентите вчера првпат поставија и политички барања - оставка на водечките политичари и новинари поради наводни манипулации на претседателските избори одржани во неделата (02.04.2017).

Додека српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ ја обвинува опозицијата за протестите, учесниците на демонстрациите тврдат дека се организираат преку социјалните мрежи, сосема сами, без каква било поддршка од која било политичка организација.

Гледај видео 01:44

„Не е мој претседател“

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама