Нега на стари лица- за мала плата и навреди | Панорама | DW | 08.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Нега на стари лица- за мала плата и навреди

Негувателите од земјите на источна Европа и Балканот во Германија работат за помалку пари и во полоши услови од домашните работници, открива една студија. Притоа, често се мета на дискриминација и расистички навреди.

Последниве години често се говори за ткн. дефицитарни професии во Германија и особено за негувателите за стари лица. Се прогнозира дека стотици илјади ќе недостасуваат во демографски сѐ постарата Германија во следните децении. Од Србија во Германија пристигнуваат релативно голем број негуватели со потребни квалификации од чија работа, работодавачите воглавно се задоволни.
Но, тоа „задоволство“ не мора да биде мотивирано само од квалитетот на работата, туку и со издржливоста во однос на (подобро платените) домашни негуватели. Па така, сосема е вообичаено на интернет-страниците за посредување со работна сила негувателите од Србија да се рекламираат со текстови како овој: „Бидејќи просечните плати во Србија и во цела источна Европа се значително помали од Германија, при нивното вработување трошоците се значително пониски одошто во случај на 24-часовна нега за која би бил задолжен германски персонал“.

Расизам и дискриминација

Најновата студија на фондацијата „Ханс Беклер“ покажа дека негувателите од источна Европа не само што работат под полоши услови од своите германски колеги, туку многу често мораат да трпат расистички и дискриминаторски забелешки и однесување на пациентите и членовите на нивните семејства.
Кога станува збор за условите за работа, студијата покажа дека такви негуватели многу почесто од германскиот персонал работат прекувремено без надокнада, дека често врз себе го преземаат и чистењето на просториите и дека по завршувањето на работното време се далеку поисцрпени од германските колеги.
Што се однесува до дискриминацијата, таа највидливо се манифестира во вид на ксенофобични коментари, омаловажување, па дури и физички напади од страна на лицата кои се негуваат или од членови на нивните семејства.

Japan Roboter in der Altenpflege (Reuters/Kim Kyung-Hoon)

Во Јапонија во негата за старите лица вклучени се и роботи

Во Шведска е многу подобро

Во фирмите кои вработуваат негуватели вообичаено е одржување на редовни состаноци на кои се утврдва план за работа и решавање на проблемите. Работниците од источна Европа многу поретко учествуваат на такви состаноци. Само 14 отсто од нив велат дека секој ден присуствуваат на состаноците со своите претпоставени, додека тоа е случај со 27 отсто од германските негуватели.
Авторката на студијата Хилдегард Теобалд вели дека за тоа се виновни расизмот и предрасудите. Таа во текот на последните осум години ги испитувала условите за работа на негувателите во Германија, Шведска, Јапонија и други земји. Според неа, особено остар однос кон негувателите од странско потекло е забележан во Германија. Во Шведска, на пример, нешто такво е присутно во многу помала мерка.
Фондацијата „Ханс Бекер“ предлага во фирмите овој проблем најпрво да се идентификува, а со него поинтензивно да се занимаваат работничките претставници како и самите работодавачи.

DW.COM

Реклама