Невреме во САД: Во Тексас неколку торнада | Панорама | DW | 01.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Невреме во САД: Во Тексас неколку торнада

Повеќе сојузни држави во САД се погодени од силно невреме. Тексас е погоден од повеќе торнада. Има преку десет загинати и десетици ранети луѓе.

Во силното невреме и поплавите во САД, на викендот загинаа најмалку 14 луѓе. Тексас во саботата го погодија неколку торнада, во кои загинаа најмалку четворица луѓе, а преку 50 се повредени, соопшти градоначалникот на најтешко опустошениот град Кантон, источно од Далас. Во Мисури, по екстремните врнежи од дожд, дојде до поплави, една жена се удавила во својот автомобил. Во Арканзас од последици од невремето загинале четири лица, меѓу кое и едно десетгодишно дете. И во Мисисипи има најмалку две жртви во силната бура.

Националната метеоролошка служба потврди дека во Тексас се регистрирани најмалку три торнада, при што се оштетени голем број куќи, на автопатот во водух биле дигнати автомобили. Гувернерите на Мисури, Арканзас и Оклахома прогласија вонредна состојба, мерка која ќе овозможи полесно да им се помогне на погодените.

Гледај видео 00:58

Невреме во САД

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама