Невработеноста во еврозоната не се намалува | Економија | DW | 30.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Невработеноста во еврозоната не се намалува

Бројот на невработени во земјите од еврозоната и натаму останува речиси 16 милиони. Тоа значи, дека процентот на невработени не се спушта под 10%.

default

Европската служба за статистика, Евростат, денеска (30.09) во Луксембург соопшти дека процентот на невработени во август годинава останал како и во претходните три месеци - десет. Во еврозоната без работа биле 15,74 милиони луѓе. На ниво на ЕУ невработеноста изнесува 9,5 проценти.

Од поединечните земји, Австрија со 3,7 проценти невработени, Холандија со 4,4 и Луксембург со 4,9 проценти се земјите кои имаат најниска стапка на невработеност. Германија со 6 проценти е на четврто место. Најголема невработеност има во Шпанија - 21,2 проценти и во Грција - 16,7 проценти.

Минатата година во август, во еврозоната имаше 215.000 повеќе невработени лица во споредба со годинава, додека на ниво на целата ЕУ бројот на невработени беше повисок за 300.000.

Автор: ЕМФ/дапд/дпа

Редактор: Б. Георгиевски

Реклама