На Холандија и‘ е одземена најдобрата рејтинг оценка | Економија | DW | 29.11.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Холандија и‘ е одземена најдобрата рејтинг оценка

Американската рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ и‘ ја одзеде на Холандија највисоката оценка ААА поради намалените изгледи за пораст. Сега Холандија има оценка АА+.

Изгледите за пораст на Холандија не се толку добри како што досега се мислеше, соопшти „Стандад и Пурс“. На холандската влада најверојатно ќе и‘ биде тешко да ги постигне буџетските цели, оцени рејтинг агенцијата и ја намали оценката за оваа членка на ЕУ.

Со тоа, во светот останаа само уште десет земји, од кои сеудм во Европа, кои од страна на рејтинг агенциите „Стандард И Пурс“, „Мудис“ и „Фич“ се оценети со највисока оценка.

Инаку, „Стандард и Пурс“ ја подобри оценката за перспективата за кредитна способност на Шпанија, која сега е дефинирана како „стабилна“. Аналитичарите сметаат дека јужната европска држава во криза ќе успее да ја задржи оценката БББ-. Како образложение за ваквиот став се наведува фактот дека Шпанија во моментов профитира од опоравувањето на стопанството кое напредува.