На Трамп му се смачило од „Фаучи и сите тие идиоти“ | Свет | DW | 19.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

На Трамп му се смачило од „Фаучи и сите тие идиоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна водечкиот државен научник Ентони Фаучи поради кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „идиот“. Фаучи минатата недела одби да биде дел од кампањата на Трамп.

Високо почитуваниот и популарен доктор Ентони Фаучи, за претседателот на САД Доналд Трамп е „катастрофа“. Фаучи се почесто станува фокус на нападите и фрустрациите на Трамп кој се обидува да им даде нова форма на критикуваните владини политики за справување со пандемијата.

„Луѓето се уморни од ковид“, порача Трамп на состанок со членовите на неговиот изборен тим на кој присуствуваа и неколку новинари.

„Луѓето велат, ’аман- само оставете не на мира’. Тие се уморни. Луѓето се уморни од слушањето на Фаучи и сите сите идиоти“, рекол Трамп, додавајќи дека Фаучи е „катастрофа“.

Досега, над 220 илјади граѓани на САД ги загубија животите во пандемијата.

„Тој е таму веќе 500 години“, вели Трамп алудирајќи на 79-годишниот Фаучи кој е директор на Националниот институт за алергии и инфективни болести.
„Да го слушавме Фаучи ќе имавме 700,000 или 800,000 мртви“, порачал Трамп во разговорот, дополнувајќи дека ќе биде контрапродуктивно за него да го отпушти Фаучи пред изборите на 3 ноември. 
Нападите на Трамп врз Фаучи продолжија и на Твитер. 

Критиките на Трамп се случуваат една недела откако Фаучи рече дека е незадоволен што негова изјава за коронавирусот била користена од кампањата на Трамп во изборите.
„Во моите, речиси, пет децении во служба на граѓаните, никогаш јавно не сум поддржал политички кандидат“, рече научникот, дополнувајќи дека неговите изјави во кампањата биле извадени од контекст.
Во неколку наврати во изминатите месеци, Фаучи дообјаснуваше или поправаше коментари на Трамп во врска со третманот за Ковид-19 или за вакцините.

DW.COM

Реклама