На Грција и‘ требаат десет години за да се опорави | Економија | DW | 24.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Грција и‘ требаат десет години за да се опорави

Според германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, на Грција ќе и‘ требаат уште околу десет години за да застане на нозе по сегашната должничка криза.

default

Волфганг Шојбле

„За да ја поврати конкурентноста, на Грција и‘ треба една деценија, таа сигурно не може да се врати на пазарот на капитал уште во 2012 година“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за најновото издание на весникот „Виршафтс вохе“ . Дали мерките за спас ќе вродат со плод, зависи пред се‘ од упорноста на Грците.

„Не можеме грчкиот народ да го поштедиме од потребните прилагодувања на ситуацијата, тој самиот е оној кој треба да реши дали сака да го носи товарот или не“. Во случај Грција да не биде спасена во рамките на евро-кризата и во случај на натамошни банкарски кризи, Шојбле смета дека ќе дојде до распад на ЕУ.

„Постои реална опасност од распаѓање на монетарната унија, ЕУ енормно би загубила на политичка доверба и на ефикасност“.

Според Шојбле, неуспехот би имал дури и глобални последици.

„Ако не успееме да го стабилизираме еврото, нема да страда само валутата, туку и нашето заедништво и нашиот маневарски простор во глобализираниот свет“, оценува Шојбле. Поради тоа неговата оценка гласи - Грција мора по секоја цена да биде задржана во еврозоната.

Автор: ЖА/ЕМФ/афп/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска

Реклама