„На Германија не и` треба лекција по солидарност“ | Свет | DW | 23.03.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„На Германија не и` треба лекција по солидарност“

Ангажманот на германскиот Бундесвер во Авганистан се проширува. Уште триста германски војници ќе бидат испратени на Хиндукуш, а нивната задача ќе биде опслужување на авионите за разузнавање АВАКС.

FILE - Ein E-3 AWACS-Überwachungsflugzeug der US-Luftwaffe im Einsatz (Undatiertes Handout). Die E-3 Sentry ist eine modifizierte Boeing 707/320 mit einer speziellen Radar-Einrichtung. Am Donnerstag (10.03.2011) begann die Rund-um-die-Uhr-Überwachung des libyschen Luftraums durch die Awacs-Überwachungsflugzeuge der Nato. ACHTUNG: Verwendung nur für redaktionelle Zwecke und bei Nennung der Quelle: «Foto: US Air Force/TSgt. John K. McDowell»

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие нагласи дека Берлин се одлучил на тој чекор за да ги растовари останатите партнери од НАТО, кои се ангажирани во мисијата во Либија. Одлуката на владиниот кабинет е „политички сигнал за нашата солидарност“, рече Мезие, нагласувајќи дека на Германија не и` се потребни лекции од никого, кога е солидарноста во прашање.

Новиот мандат, исто како и актуелниот ангажман на трупите ИСАФ, е временски ограничен и треба да заврши во јануари 2012 година. Се задржува и максималниот број германски војници во рамки на мисијата ИСАФ, имено вкупно 5.350. За мисијата АВАКС ќе се посегне по таканречените флексибилни резервисти, кои стојат на располагање за трупите на ИСАФ. За одлуката на владата треба да се изјасни и германскиот Бундестаг, кој уште денеска ќе расправа по тоа прашање. Гласањето се очекува во петок.

Luftbild der deutschen Fregatte Karlsruhe während des Einsatzes im Mittelmeer im Oktober 2006. Erstmals in ihrer Geschichte soll sich die Deutsche Marine an der Bekämpfung von Piraten beteiligen. Das Bundeskabinett billigte am Mittwoch (10.12.2008) in Berlin die Beteiligung der Bundeswehr an der EU-Mission «Atalanta» vor der Küste Somalias. Das verlautete aus Regierungskreisen. Deutschland will bis zu 1400 Soldaten und eine Fregatte stellen. Die deutsche Fregatte «Karlsruhe» ist bereits in der Region und könnte unmittelbar nach dem Parlamentsentscheid ins Einsatzgebiet fahren. Foto: PIZ/Marine Ann-Katrin Winges (ACHTUNG: Veröffentlichung nur mit o.a. Urhebervermerk) +++(c) dpa - Report+++

Две фрегати и два воени брода повторно под национална команда

Германија се повлекува од мисијата во Средоземно Море

И германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, исто така нагласи дека испраќањето на дополнителни триста пилоти во Авганистан ќе биде големо олеснување на товарот за земјите, кои ја спроведуваат резолуцијата на ОН за забрана на летови над Либија.

При гласањето во Советот за безбедност, Германија беше воздржана, а јасно стави до знаење и дека нема да испрати војници на Бундесверот во акцијата во Либија. По вчерашната одлука на Советот на Алијансата нејзини единици да се вклучат во надгледувањето на ембаргото за извоз на оружје во Либија по морски пат, Берлин одлучи да ги повлече сите свои единици од операциите на НАТО во Средоземното Море. Две фрегати и други два борбени брода, со вкупно 550 морнари, повторно се наоѓаат под национална команда.

Автор: ТТ/ГЧ/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Реклама