На Британците „им удри сонцето во глава“ - ги преплавија плажите | Свет | DW | 26.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

На Британците „им удри сонцето во глава“ - ги преплавија плажите

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок се закани со затворање на плажите поради непочитување на корона-правилата. Луѓето од вчера масовно навалија на разладување во морето, поттикнати од убавото сончево време.

„Последно што би сакале луѓето е враќање на вирусот. Не смеме да назадуваме, мораме да ја запреме оваа болст", порача британскиот министер за здравство преку ТокРадио. Тој апелираше да се почитуваат правилата за социјална дистанца заради избегнување втор бран на пандеијата на коронавирус. Доколку бројките на новоинфицирани повторно растат, владата ќе преземе мерки.

Велика Британија со 43.000 починати од коронавирус е најтешко погодена земја во Европа од корона-кризата. Секој дел во земјата има свои правила против пандемијата. Премиерот Борис Џонсон уште пред неколку недели во Англија дозволи излети и наиде на критика.

England Strand in Bournemouth (picture-alliance/empics/A. Matthews)

Масовна „окупација“ на плажите среде пандемија на коронавирус

Бидејќи времето во претстојниов викенд ќе се влоши, властите се надеваат ситуацијата да се смири. Вчера на убавото сончево време на јужниот брег имаше огромен број луѓе на плажите, без запазување физичка дистанца, стиснати еден до друг. Посебно погоден беше Борнмут, летувалиште познато по широките плажи и викторијанската архитектура.

Повеќе:

Британските медицинари предупредуваат од втор бран на коронавирусот

Велика Британија: Коронавирусот „коси“ во старечките домови – 12.500 мртви

Ковид-19: Велика Британија го презема мрачниот примат во Европа

Таму полицијата интервенираше за да ја стави ситуацијата под контрола. Полицајците и жителите сведочеа за илегално паркирање, расфрлање ѓубре, агресивно одесување на посетителите на плажата и прекумерно пиење алкохол.

Многу од луѓето допатуваа од Лондон и дури и од Бирмингем, па пред градот мораа да чекаат со часови во автомобилите за да стигнат до плажите. Преполни беа и возовите. На плажата се оставени тони отпад, претставниците на органите на редот биле плукани. Вчера беше најтопол ден во Велика Британија со 33 степени.

Британците малку внимаваа на правилата за однесување во време на пандемија и на други места. Илјадници луѓена пример синоќа го славеа триумфот на Ливерпул во Премиер лигата.

 

Реклама