На Брисел му е потребна огромна европска поддршка | Свет | DW | 23.03.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

На Брисел му е потребна огромна европска поддршка

Би било погрешно кога би зборувале само за напади во Белгија или во Франција. Не, ова се случува среде Европа, вели германскиот европратеник Јан Филип Албрехт во интервју за германското радио Дојчландфунк.

Дојчландфунк: Дали овие терористички напади се однесуваат на Белгија или на Европска Унија?

Јан Филип Албрехт: Сосема е сигурно дека тоа не може одвоено да се набљудува. Секако во фокус е напад на ЕУ, врз нашите либерални демократски структури, правната држава, човековите права. Мислам дека би било погрешно кога би зборувале дека тоа се случува во Франција или во Белгија или во некоја друга држава во Европа. Не, ова се случува среде Европа. Сите ние заедно се најдовме во оваа ситуација и мораме сега да бидеме едни покрај други. Мислам оти е важно институциите на земјите членки на ЕУ заедно да соработуваат, од сето ова да извлечеме консеквенци и повеќе да не се грижиме спорадично за тие прашања.

Дали најдоцна од нападите на 13. и 14. ноември во Париз е завршено размислувањето дека секој се грижи за својата безбедност?

Тоа со сигурност е така. Меѓу институциите во Франција и во Белгија сега, како што видовме, постои одлична соработка. Но ние немаме добро организирана соработка на европско ниво помеѓу безбедносните служби. Тоа не може да смени од денес до утре. Важно е, меѓутоа, во тој процес да се изрази политичка волја и да се каже во која насока треба да се оди. Важно е и да не се повлекувме во национална држава и да кажеме дека ќе ги затвориме границите. Меѓународниот тероризам, кој доаѓа во Европа, повеќе од јасно покажува дека нашите граници не можат да не’ штитат.

Може ли да се случи терористите да ја користат таквата ситуација и фактот дека ЕУ се наоѓа во „процес“?

Тоа е така, тоа ни е болно место и ние сме тука ранливи. Причина за тоа е тоа што со години инвестиравме во системи и банки на податоци, кои ни одземаа многу пари и внимание, наместо да инвестиравме во подобра опременост на полицијата, подобра соработка, подобра размена на информации во Европа. Сега тоа брзо мора да се надомести и на тоа мораме да работиме.

Дали сето тоа е премногу за Белгија?

Не би рекол. Белгија покажа, а сметам и белгискиот премиер, оти тие знаат како да се однесуваат во ваква ситуација. Реагираа и по 13. ноември, прогласувајќи највисок степен од терористичка опасност. Мислам дека Белгија не е во состојба со тоа да се носи самата и потребна ѝ е голема поддршка.

Но 100 процентна сигурност од тероризам, како што во повеќе наврати нагласија германските политичари, нема.

Вие претходно рековте оти Белгија покажа дека знае да се носи со ваква ситуација, Но во вторникот утрото дојде до напади, во кои настрадаа луѓе.

Тоа е точно. Но беглискиот премиер на почетокот рече- а тоа е вистина- оти опасност постои. Во ноември минатата година, кога беа извршени нападите во Париз, тој рече дека во Белгија ќе дојде до вакви напади. Ние тоа не можеме стопроцентно да го исклучиме, нема стопроцентна безбедност.

Јан Филип Албрехт е пратеник на германската партија на Зелените во Европскиот парламент.

Реклама