На Болт му нема рамен | Панорама | DW | 19.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На Болт му нема рамен

Јамајканскиот спринтер влезе во легендите откако на третите Олимписки игри го освои и третиот златен медал во трката на 200 метри. Претходно, истиот успех го постигна и во трката на 100 метри.

Усеин Болт се закити со уште еден златен медал на Олимпијадите и стана најуспешниот спринтер на сите времиња. Иако не беше задоволен со времето од 19,78 секунди, Болт и немаше вистинска конкуренција во трката на 200 метри. На второ место заврши Андре де Грас од Канада, а бронзениот медал го освои Французинот Кристоф Леметр.


„Немам што повеќе да освојувам“, изјави Болт по трката. „Му докажав на светот дека сум најголемиот. Ова е мојата последна Олимпијада“.

Гледај видео 00:38
Now live
00:38 минути

Усеин Болт до трето злато на 200 метри

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама