Најмалку двајца мртви, повеќе од 15 повредени во Осло | Европа | DW | 22.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Најмалку двајца мртви, повеќе од 15 повредени во Осло

Најмалку две лице ги загубија животите во нападот во центарот на Осло, а повеќе од 15 луѓе се повредени. Причинета е и голема материјална штета. Норвешката полиција потврди дека се работи за подметната бомба

Уништена зграда во центарот на Осло

Уништена зграда во центарот на Осло

Норвешката полиција потврди дека денешната експлозија во Осло била причинета од подметната „една или повеќе бомби“. Сомневањата дека веројатно се работи за терористички напад ги подгреа информацијата дека во епицентарот на експлозијата се наоѓаат остатоци од целосно уништен автомобил.

Премиерот Јенс Столтенберг во јавно обраќање потврди дека ниту тој, ниту некој од другите министри во владата се повредени во нападот. Столтенберг оцени дека се работи за сериозна ситуација, но засега не го карактеризираше нападот.

Очевидци велат дека експлозијата одекнала во центарот на Осло, во непосредна близина на седиштето на влада, министерството за финансии и најтиражниот норвешки таблоид „ВГ“.

Verletzte bei Explosion in Regierungsviertel in Oslo

„Прозорците на зградата на ВГ и на владиното седиште се искршени. Неколку луѓе, прекриени со крв лежат на улицата“, изјави новинар од локалното радио за агенцијата АФП.

Норвешната полиција предмалку ги повика сите жители на Осло да не ги напуштаат своите домови. Потврдено е и дека непосредно по експлозијата дошло до престрелка за време на конгрес на подмладокот на владејачката Лабуристичка партија, на чие чело е Столтенберг.

Норвешка, земја членка на НАТО беше мета на закани на терористичката мрежа на Ал Каеда, поради учеството во операциите во Авганистан и во Либија, но земјата никогаш досега не била жртва на политичко насилство. Пред помалку од една година беа уапсени три лица осомничени за врски со Ал Каеда, кои наводно планирале напади во земјата.

Автор: Борис Георгиевски/афп/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM