Најголеми воздушни маневри на Јужна Кореја и САД | Свет | DW | 04.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најголеми воздушни маневри на Јужна Кореја и САД

Северна Кореја неодамна ја тестираше својата најсилна интерконтинентална ракета досега. Сега Јужна Кореја и САД ја започнаа најголемата вежба на воздухопловните сили во однос на бројот на вклучени летала.

Петдневната воена вежба наречена „Vigilant Ace" вклучува околу 12.000 припадници на американските воени сили, како и 230 воени авиони, меѓу нив и 18 авиони со стелт технологија од тимот Ф-35. Според непотврдени извештаи на медиумите во Јужна Кореја, во маневрите би можеле да учествуваат и американски бомбардери од типот Б-1Б. Според американските вооружени сили, на вежбите треба да се тестира подготвеноста за операции на двете сојузнички земји на Корејскиот полуостров. Во ноември 2016 година, во маневрите кои се одржуваат на годишно ниво, учествуваа повеќе од 16.000 војници и преку 200 авиони. Пред неколку дена, Северна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета. Овој потег наиде на остри меѓународни критики. Дипломатски изолираната земја, набргу потоа изјави дека сега може да го нападне целата континентална територија на САД со нуклеарни боеви глави.

Северна Кореја обвинува за провокација

Севернокорејскиот комитет за мирно повторно обединување на земјата во неделата ги обвини САД и Јужна Кореја дека со заедничкиот воздушен маневар сакаат целосно да ја уништат Северна Кореја . Министерството за надворешни работи на Северна Кореја во саботата ја обвини американската влада дека „моли за нуклеарна војна". Пјонгјанг редовно ги обвинува САД за подготовка на напад со своите воени маневри со Јужна Кореја, што двете држави постојано го демантираат.

Во меѓувреме, американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека е време семејствата на американските војници да ја напуштат Јужна Кореја, бидејќи конфликтот со Северна Кореја ескалира. САД се приближуваат кон „превентивната" војна со Северна Кореја, изјави републиканецот, познат како хардлајнер во надворешната политика.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама