Националистите во Полска ја зацврстија власта | Свет | DW | 13.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Националистите во Полска ја зацврстија власта

Владејачката Партија на правото и правдата во Полска однесе убедлива победа на парламентарните избори и најверојатно сама ќе успее да формира влада со кој може да владее уште еден мандат.

Според првичните резултати од денеска одржаните избори во земјата, владејачката Партија на правото и правдата (ПиС) освоила 43,6 проценти од гласовите, пред центристичката Цивилна коалиција со 27,4 и левицата со освоени околу 12 отсто.
„Имаме победа“, соопшти лидерот на ПиС Јарослав Качињски пред партиските симпатизери во централата во Варшава. Неговата партија ги претставуваше изборите како избор меѓу католичките вредности и добробитта на сите и либералната политика која ќе го уништи семејниот живот и ќе се грижи само за малкумина.
Критичарите ја обвинуваа ПиС дека во кампањата промовирала хомофобија, откако водечките партиски политичари изјавуваа дека странското влијание е закана за полскиот национален идентитет.
Владата со години има проблем и со Брисел, откако Европската комисија отвори постапка против земјата поради правосудните реформи кои ја нарушуваат независноста на судството.
Според проценките, ПиС ќе добие 239 пратенички места во 460-члениот парламент.
Излезноста од 61,1 проценти е највисока на парламентарни избори во земјата од 1989 година, кога се уриваше комунистичкиот систем.

DW.COM

Реклама