Нафтено ембарго за Русија: ЕУ мора да се опамети | Свет | DW | 31.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нафтено ембарго за Русија: ЕУ мора да се опамети

ЕУ постигна договор за воведување нафтено ембарго за Русија. Еден прекупотребен чекор, по повеќенеделните кавги, кои покажаа пукнатини во европската одлучност, смета Александра фон Намен.

„Никому не припишувам вина. Вината за сѐ што се случува ја сноси исклучиво руската држава“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски својата видео-порака до шефовите на држави или влади во Брисел ја почна невообичаено благо. Порака со која тој меѓутоа убедувачки јасно кажа што стои во игра за неговата земја. 

Од последниот, петти пакет  санкции на ЕУ,  продолжи Зеленски, се убиени 74 деца. Руската армија претвори во прав и пепел бројни болници и училишта. Зошто тогаш, праша  Зеленски, „зошто Русија може уште да заработува речиси една милијарда евра дневно со продажба на нафта?“

Да, зошто? Со недели Европејците се караат околу  нафтеното ембарго кон Русија.  Одлучноста, која ја демонстрираа во првите денови по војната, се чини е минато. Наместо тоа, Европа доживува непријатна партија на натегања. 

Очигледно, Европската комисија лошо ја подготвила мерката, нејзините претставници дејствувале невешто. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, славена како водечка фигура во  Европа во време на војната, во меѓувреме мораше понизно да признае – до пробивот е уште многу далеку. 

Орбан испадна победник 

А Виктор Орбан,  кој е наклонет кон Путин, ја искористи приликата за да се презентира како вистински борец за интересите на својата земја. Секако, стануваше збор за енергетската безбедност на неговата земја, но и за европските средства, кои со право, ѝ се ускратуваат на Унгарија поради нејзините демократски дефицити.

von Nahmen Alexandra Kommentarbild App

Александра фон Намен

Тоа што шефовите на држави или влади беа во можност во принцип да ја запрат кавгата, е добар знак за Украина и за ЕУ. Дури и едно лајт -нафтено ембарго би требало да ги погоди Владимир Путин и неговиот режим. Тоа што  Германија  и Полска дополнително објавија- најдоцна до крајот на годината целосно да се откажат од  рускиот увоз на нафта, според дипломатите како мерка опфаќа вкупно 90 % од целокупната руска испорака на  нафта во ЕУ. Според проценките, тоа значи влевање повеќе милиони евра помалку секој ден во Путиновата воена каса. 

Европа мора да си дојде на себе 

Но, не е сѐ така добро. И покрај договорот, европската одлучност ги покажува првите пукнатини. Во моментов се чини сосем неверојатно земјите членки да се обидат да ги земат на мета испораките на гас. Тука премногу нешта се во игра.

Европа мора да се прибере, во спротивност Русија ќе ги искористи нејзините слабости и ќе ги сврти Европејците едни против други. На Холандија ѝ ја затвора славината со гас, Данска очигледно е следна на ред. Бугарија, Полска, Финска уште сега не добиваат веќе гас од Русија. 

Голем е стравот дека во нашите општества нема да има разбирање, доколку цените продолжат да растат и инфлацијата ги јаде заштедите. Кога на наша кожа ќе почувствуваме што значи владеење војна во Европа. Политичарите од различна ориентација се погодени од ваков страв, тие имаат положено заклетва да ги застапуваат интересите на својата земја. 

Страв од крај на солидарноста 

Но, зошто толкав очај? Тие мора да соберат сила за мобилизација на своите граѓани, во прашање се крупни влогови. Не последно е прашањето дали Путин ќе ја добие оваа етапа од војната и ќе се почувствува осоколен, порано или подоцна, да нападне натамошни делови од Украина. ЕУ не е некоја воена сила, но има аголема трговска и економска моќ, која треба да ја користи дури не е доцна.

Европа мора да покаже цврстина, зашто Путин го разбира само аргументот на сила, потенцираше украинскиот претседател во својот говор пред самитот на ЕУ во Брисел. Интерните кавги само ќе го охрабрат Путин да изврши уште поголем притисок врз Еропа.

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

DW.COM