Натпревар во спуст за роботи | Панорама | DW | 13.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Натпревар во спуст за роботи

Додека многу натпревари во алпско скијање на ЗОИ во Пјонгчанг страдаат поради силните ветришта, такви проблеми немаше за група роботи кои возеа спуст во блиското место Дунае.

Роботи во сите форми и големини тргнуваа од стартот на патеката за спуст во скијачкиот центар Вели Хили, на еден час оддалеченост од Пјонгчанг. Осум тимови, меѓу нив универзитети, институти и приватни компании, со своите роботи се натпреваруваа за наградата од 10 илјади американски долари на, како што велат организаторите, првиот скијачки натпревар за роботи во светот. 

Гледај видео 01:17

Наскоро и Олимпијада за роботи?

„Нашите роботи не можат да се натпреваруваат на Олимпијадата, така што ја организиравме оваа трка за време на ЗОИ со цел да му ја претставиме на светот јужнокорејската роботска технологија“, истакна Ким Донг УК, организатор на скијачкиот натпревар.

Сите „натпреварувачи“ мораа да имаат висина од преку 50 сантиметри, да стојат на две „нозе“ да имаат зглобови кои наликуваат на лакти и колена, како и независен систем за напојување и да користат скии и стапови.

Роботите беа опремени со камери и сензори програмирани да ги избегнуваат сините и црвени знаменца по должина на патеката.

Победник во натпреварот, во кој покрај времето за минување на патеката се вреднуваше и колку знаменца роботите успешно заобиколуваа, беше роботот на тимот Таекван-В.

„Мислам дека во иднина роботите ќе имаат сопствена зимска Олимпијада, на маргините на Олимпијадата за луѓето“, задоволно на крајот прогнозираше организаторот Ким Донг Ук.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама