1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Belgien NATO Ukraine  Jens Stoltenberg
Фотографија: Olivier Matthys/AP Photo/picture alliance

Столтенберг: НАТО ќе ги зајакне силите за брз одговор

ДТЗ
27 јуни 2022

НАТО сака да го зголеми бројот на силите за брза реакција од околу 40.000 на повеќе од 300.000 војници. Ова го соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг пред самитот во Мадрид.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0-300000-%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-62280144

Поради руската воена агресија против Украина, НАТО сака да ги зголеми силите за брза реакција на „повеќе од 300.000 војници“. Ова во Брисел го соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој го најавува „најголемото престројување на колективната одбрана и одвраќање од Студената војна“.

Лидерите на воената алијанса предводена од САД ќе се сретнат во Мадрид оваа недела. Столтенберг очекува сојузниците да стават до знаење „дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, нашите вредности и меѓународниот поредок заснован на правила“.

Русија во 2010 година сè уште беше третирана како „стратешки партнер“ на западната одбранбена алијанса. „Тоа веќе нема да биде случај во стратешкиот концепт за кој ќе се договориме во Мадрид“, рече Столтенберг. 

Norwegen Vorbereitung zum NATO Cold Response 22
НАТО силите за брза реакција во Норвешка во март 2022Фотографија: Geir Olsen/NTB/AFP

Нов модел на вооружени сили 

НАТО силите за брз одговор (НРФ) сега имаат околу 40.000 војници. Планираното преструктуирање на НРФ е дел од новиот модел на сили за целата територија на Алијансата. Ова обезбедува повеќе сили во состојба на готовност. Покрај тоа, овие трупи, исто така, треба да бидат распоредени во одредени области. Тоа значи, на пример, дека во случај на руски напад, германски трупи би можеле да бидат распоредени за поддршка на литванските војници.

Под национална команда во мир

Во мирно време, трупите треба да бидат под национална команда, но во случај на потреба, врховниот командант на силите на НАТО во Европа може да ги побара и да ја преземе командата.

За овие трупи ќе се прецизираат и одредени временски рокови за оперативна готовност, при што некои единици ќе бидат подготвени за распоредување во рок од најмногу десет дена, други во рок од 30 или 50 дена. Детали за вонредните ситуации ќе бидат дефинирани во новите регионални одбранбени планови, кои треба да бидат готови следната година. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница