НАТО наскоро со 30 членки | Северна Македонија | DW | 10.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

НАТО наскоро со 30 членки

Алијансата ќе ја покани Македонија да стане нејзината 30. земја-членка пишува денеска агенцијата Франс Прес. Тоа го овозможи договорот во спорот за името со Грција, кој сепак, треба до крај да се спроведе.

И покрај конфликтот околу буџетот за одбрана, шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО ќе ѝ доделат покана за членство на Македонија. Тоа го овозможи компромисот во деценискиот спор за името со соседна Грција. Со него, балканската земја со 2,1 милиони жители за една до две години ќе стане 30. членка на НАТО со идното име „Република Северна Македонија“.

Претходно договорот со Грција ќе мора да биде целосно спроведен. Парламентот во Скопје веќе го одобри, но недостасува и референдум за промена на македонскиот Устав. Тој ќе се одржи во септември или октомври. Дури потоа ќе дојде зеленото светло од грчкиот парламент.

Грција го блокираше членството на Македонија во НАТО и ЕУ поради спорот за името. Од крајот на Студената војна, 13 држави станаа членки на воената алијанса. Повеќето од нив доаѓаат од сферата на влијание на поранешниот СССР. Додека во првите години по падот на Железната завеса Москва соработуваше со НАТО, брзото проширување на Алијансата кон исток ги оптовари тие односи.

Brüssel PK Stoltenberg und Zaev (Mazedonische Regierung)

Македонскиот премиер Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 29 јуни 2018

Последната земја која влезе во НАТО во јуни 2017 беше Црна Гора. Откако земјата доби покана во 2015 година, Москва се закани со контрамерки. Црногорското обвинителство утврди дека „руските државни органи“ биле вмешани во неуспешниот обид за пуч во октомври 2016 година. Оттука, во НАТО постои стравување дека Москва пред референдумот би можела да ги поддржи противниците на решението на спорот за името.

Пред Црна Гора, во 2009 година членки на НАТО станаа Хрватска и Албанија. Во 2004 проширувањето ги опфати Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија. Чешка, Полска и Унгарија во 1999 година беа првите земји од поранешниот источен блок кои влегоа во воениот сојуз.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама