НАТО и ЕУ го поздравија договорот на Скопје и Атина | Спор за името | DW | 12.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спор за името

НАТО и ЕУ го поздравија договорот на Скопје и Атина

На адресата на македонската и грчката влада вечерва пристигнуваат честитки за постигнатиот договор за решение на спорот за името од водечките функционери на НАТО и ЕУ.

Европската Комисија, НАТО и Германија јавно им честитаа на владите во Скопје и Атина за постигнатиот компромис во деценискиот спор за името, нарекувајќи го истиот „историски“. 
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им честиташе и им се заблагодари на премиерите Заев и Ципрас за решавање на спорот „кој предолго го оптоваруваше регионот“ и ги повика обете земји да го финализираат договорот. 

 
Шефицата на ЕУ дипломатијата Фредерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава порачуваат дека „од срце им честитаат на премиерите Заев и Ципрас за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиот договор... кој помага во трансформацијата на целиот регион на Југоисточна Европа“. 


Могерини и Хаг велат дека сега очекуваат од Советот на ЕУ „да ја прифати нивната препорака за одредување датум за почеток на преговори со пјр Македонија во јуни“.
„Тоа не само што е заслужено, како признание за значајните реформски резултати на земјата, туку клучно ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на обете земји, на регионот и на Унијата во целост“, се наведува во нивната изјава. 

DW.COM