Насилство на нови протести во Хонг Конг | Свет | DW | 21.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Насилство на нови протести во Хонг Конг

Веќе четири месеци има протести против владата во специјалниот административен регион - насилството ескалира сè почесто. Полицијата денеска употреби солзавец, а некои активисти фрлаат камења и молотови коктели.

Демонстрантите денеска запалија кинеско знаме и полицијата употреби солзавец на новите протести во северозападниот дел од Хонгконг.Полицијата ги обвини демонстрантите дека за време на маршот во населбата Туен Мун со вода ги прскале полицајците.

На протестот имаше неколку илјади демонстранти, а медиумите јавија дека најмалку едно лице е уапсено. Денешниот протест е во помал размер во однос на протестите кои се одржуваа во последните месеци секој викенд во Хонгконг.

Повеќе:

-Хонгконг – премалку и предоцна

-Полицијата во Хонгконг првпат употреби оружје против демонстрантите

-Може ли Кина да најде алтернатива за Хонгконг?

Протестите започнаа поради законот за екстрадиција кој во меѓувреме е прогласен за неважечки. Сепак, демонстрациите прераснаа во антивладини протести, а демонстрантите формулираа нови барања меѓу кои е и оставка на шефицата на владата Кери Лам.

DW.COM

Реклама