Насилни протести на антиваксерите во Грција, Германија, Франција | Свет | DW | 30.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Насилни протести на антиваксерите во Грција, Германија, Франција

Масовни протести против задолжителната вакцинација и другите ковид-мерки се одржаа за викендот во неколку европски земји. Имаше и насилство. А во Лион за денеска на протест повикаа поддржувачите на вакцинацијата.

Протести на противниците на вакцинацијата во Атина

Протести на противниците на вакцинацијата во Атина

Грчката влада воведе драстични мерки во сузбивање на ширењето на коронавирусот. Исто така, драстична е и реакцијата на антиваксерите. Вчера во Атина и во Солун илјадници луѓе протестираа против задолжителната вакцинација за здравствените работници и за останатите владини мерки.

Пред крајот на протестот во Атина од толпата луѓе се издвоија околу 200 лица кои фрлаа со запаливи предмети и камења на полицијата пред зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец и со водени топови и ги растера насилните демонстранти. На крајот ситуацијата се смири.

Задолжителна вакцинација, ограничен пристап, парични казни

Од минатата среда во Грција вакцинирањето на сите вработени во болниците е задолжително. За домовите за нега на стари и немоќни лица оваа обрвска важи уште од средината на август. Кој ќе одбие да се вакцинира, нема да смее да дојде на работа и му се заканува парична казна. Освен тоа, од 13 септември посетата на ресторани, кафулиња и спортски здруженија им е дозволена само или на луѓето кои се целосно вакцинирани или на оние кои можат да докажат дека заздравиле од коронавирусот.

Тестовите за коронавирусот веќе нема да бидат бесплатни. Вработените во јавниот и приватниот сектор во иднина, во зависност од професијата, ќе мораат да се тестираат еднаш или двапати неделно. Истото важи и за студентите.

Боројот на новозаразени во Грција во последните недели поради летните одмори значително се зголеми. На поголемиот дел од Крит и на другите грчки острови веќе со денови на сила е забраната за излегување навечер помеѓу 1 и 6 часот наутро. Според службените податоци, во Грција целосно се вакцинирани околу 5,6 милиони жители од вкупно 10,7 милиони. Владата сака да достигне квота од 80 отсто.

Германија: демонстрации и покрај забраната

Минатиот викенд се протестираше и во Германија. Во саботата и во неделата во Берлин, и покрај забраните, против владините мерки во борба против пандемијата демонстрираа неколку илјади луѓе. Протестите ги осигуруваа над 2.000 полицајци. На некои места демонстрантите влегоа во конфликт со полицијата. Еден полицаец е повреден. Како што е соопштено, во саботата се уапсени над 100, а во неделата околу 80 лица, а на лице место се изречени неколку десетици прекршочни казни поради кршење на забраната за собирање и непочитување на мерките.

Во Берлин за викендот, поради протестите на антиваксерите, беше блокиран квартот во кој се наоѓаат владините институции.

Во Берлин за викендот, поради протестите на антиваксерите, беше блокиран квартот во кој се наоѓаат владините институции.

Полицијата претходно забрани одржување на 9 демонстрациски собири, меѓу кои и оние кои сакаше да ги организира Иницијативата Квирденкен. Управниот суд на крајот дозволи да се одржат собирите со очекувани 500 учесници кои беа пријавени за во саботата и во неделата.

Минатата годнина на 29 август, во Берлин неколку десетици илјади луѓе протестираа против мерките за сузбивање на пандемијата. Притоа, демонстрантите ја пробија блокадата околу зградата на парламентот и ги потиснаа значително малиот број полицајци. Некое време демонстрантите ги зазедоа скалите на влезот во парламентот. Тоа беше шок за голем број граѓани на Германија.

Франција: повик за поддржувачите на вакцинирањето

Во францускиот град Лион денеска на протест се повикани поддржувачите за вакцинирање. Еден од организаторите вели дека сака да покаже оти антиваксерите се во мал број. Тој нагласи дека мнозинството граѓани сакаат повторно да водат нормален живот. „Ние го знаеме објаснувањето на научниците и на студиите на вистинските стручњаци кои покажуваат оти вакцинирањето е единствен излез од оваа пандемија“.

Бројни Французи веќе со недели протестираат против строгите ковид-мерки на претседателот Макрон.

Бројни Французи веќе со недели протестираат против строгите ковид-мерки на претседателот Макрон.

Во Франција во саботата повторно протестираа неколку десетици илјади луѓе против корона-мерките. Министерството за внатрешни работи процени дека на улиците ширум земјата излегле околу 160.000 граѓани. Протестите се насочени против воведувањето на задолжителна вакцинација за здравствените работници и против таканаречениот здравствен пасош со кој се докажува дека лицето е вакцинирано, заздравело од вирусот или има актуелен негативен тест на коронавирусот. Оваа потврда мора да се покаже на влезот во бројни установи, кафулиња, ресторани, возови и авиони.