Напаѓачот од Квебек обвинет за шесткратно убиство | Свет | DW | 31.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напаѓачот од Квебек обвинет за шесткратно убиство

Еден ден по нападот во канадскиот град Квебек, подигнато е обвинение против 27-годишен студент, кој порано се истакнувал со националистички изјави

Француско-канадскиот студент по политички науки Александре Бисонет се смета за единствен извршител на нападот во џамијата во канадскиот град Квебек. Како што соопшти полицијата, тој ќе одговара пред суд за шесткратно убиство и петкратен обид за убиство. Во тек е испитувањето на обвинетиот. Можно е обвинението да биде проширено и за делата „тероризам“ и „загрозување на националната безбедност.“  27-годишниот осомничен побегнал од местото на настанот со автомобил, а подоцна самиот се пријавил во полицијата и бил уапсен. Наводно во неговото возило биле најдени пиштол и автомат „калашников“.

Гледај видео 01:07

Канада: Напад во џамија

Факултетот на кој што тој студирал е само неколку стотици метри оддалечен од џамијата во која тој во неделата вечерта застрела шестмина луѓе за време на вечерната молитва, а најмалку 19 други се ранети, од кои петмина се наоѓаат во критична задравствена состојба. Во џамијата во моментот на нападот биле присутни околу 50 верници. Убиените лица, според Културниот центар во чиј склоп се наоѓа џамијата, се бинационални Канаѓани, со мигрантски корени од Мароко, Алжир, Тунис и Африка јужно од Сахара. 

Соработници на бегалска организација и студенти тврдат дека Александре Бисонет се истакнувал со националистички изјави. Тој бил симпатизер на десноекстремната француска партија Национален Фронт на Марин Ле Пен, а на социјалните мрежи се декларирал и како фан на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Очевидци и припадници на полицијата во неделата вечера изјавија дека во џамијата за време на молитвата пукале две лица, но во понеделникот утрото полицијата извести дека за нападот е одговорно само едно лице.

Пукањето во џамијата во Квебек во текот на вечерната молитва во неделата е „терористички напад врз муслиманите“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Гледај видео 01:03

Квебек ги оплакува жртвите од нападот

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама