Напаѓачот од Ансбах го викале „Рамбо“ | Свет | DW | 26.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напаѓачот од Ансбах го викале „Рамбо“

Идиличниот Ансбах е во шок по самоубиствениот напад. Зарем е можно напад да се случи во мало место, се прашуваат едни. Нема да нѐ заплашат, велат други. Бегалците сместени во домот зборуваат за напаѓачот кој им бил сосед

Повеќето граѓани на Ансбах во неделата вечерта прво слушнале гласна експлозија, а потоа хеликоптери, сирени... Кога 27-годишниот Сириец се крена во воздух, повеќето од жителите на градот беа дома, на безбедно. И девојката која сака да остане анонимна, во времето на нападот веќе била вратена дома. Само еден час претходно присуствувала на фестивалот на отворено, местото каде се случи нападот.

„Чувството е чудно“, вели таа. Мајка ѝ додава: „Живееме во мало гратче. Не мислевме дека овде ќе се случи вакво нешто.“ Двете гледаат кон малата гостилница, зад која една порта го означува влезот во фестивалскиот простор. Гледајќи кон огромниот број новинари кои се местат пред портата, мајката вели: „Овде вакво нешто досега не сме доживеале.“

Полицијата вчера попладне ја подигна блокадата од местото на нападот: полупразни чаши за вино, празни пивски шишиња, на бетонот со креда нацртани контури од телото на напаѓачот, наоколу исушени дамки од крв, по некоја скршеница од стакло.

Deutschland - Ansbach Biergarten auf dem Festivalgelände

Гостилница во близина на местото на нападот

Младиот Сириец на тоа место го активираше експлозивот кој носел во ранец. Острите метални делови во експлозивот требало да убијат што е можно повеќе луѓе, соопшти министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман. Во меѓувреме е познато дека напаѓачот сакал да влезе на фестивалот, а кога вратарите го вратиле поради тоа што немал акрта, тој околу 22 часот ја активирал бомбата пред влезот. Притоа се повредени 15 луѓе, од кои најмалку четворица тешко.

„Кога ја слушнав полицијата знаев: или се работи за експлозија на гас, или за терористички напад“, раскажува 21-годишниот информатичар Николас. Негови пријатели биле отидени на фестивалот. Полицијата, исто како и останататите посетители, по атентатот ги изнесла од фестивалскиот простор.

Николас вели дека тој во иднина ќе избегнува големи манифестации. Откако пред неколку дена 17-годишник во воз во Вирцбург нападна луѓе со секира, Николас чувствува како теророт му се приближува. Не сите граѓани на Ансбах го делат тој став. „Нема да живеам во страв“, вели една млада мајка, која со бебето в рака му дава интервју на новинар од Велика Британија. Таа и натаму се чувствува безбедно во Ансбах.

Во соседството на поранешниот хотел „Кристи“, во кој во меѓувреме се сместени бегалци, постар човек и девојка разговараат преку ограда. Нивниот живот нема да се промени, велат, а нема да се смени ништо ниту во нивниот став кон бегалците. „Секогаш поздравуваат љубезно кога минуваат одовде одејќи кон училиштето за учење јазик“, вели човекот. „Не смее да се воопштува.“

Прекар „Рамбо“

Во пренаменетиот хотел живеел и атентаторот самоубиец. Сега сместувалиштетоте опколено со полиција. На вториот кат се спуштени ролетните. Вчера изутрина безбедносните сили извршија претрес. Во собата на атентаторот полицијата пронајде канистер со бензин, како и солна киселина, алкохол за чистење, апарат за лемење, жици, батерии, камења.

Меѓу личните работи на атентаторот е најден и лаптоп, полн со слики со кои се велича насилство. Неговиот мобилен телефон содржи видео снимка на која 27-гподишникот се заканува со напад. Во меѓувреме, одговорност за нападот официјално презеде Исламска држава.

Еден од жителите на домот за бегалци, 28-годишниот Пакистанец Мубариз, дава поинаква слика за младиот Сириец. Вели дека бил пријателски настроен, но често сам. Повеќето бегалци го знаеле под прекарот „Рамбо“, поради неговото мускулесто тело и долгата коса. Дури утрото по нападот Мубариз го дознал вистинскот име на Сириецот. „Беше полн со надеж дека Германија нема да го врати во Бугарија“, вели Мубариз.

Атентаторот во Германија дошол пред две години и поднесол барање за азил. Кога барањето му било одбиено, живеел како толериран бегалец во сместувалиштето за бегалци во Ансбах. Според германското Министерство за внатрешни работи, Сириецот требало да биде протеран во Бугарија.

Ансбах 24 часа по нападот - блокадата на просторот каде Сириецот се крена во воздух веќе ја нема. Животот продолжува речиси нормално. Само големиот број новинари кои трчаат низ сокаците на стариот дел до градот и големите телевизиски комбиња на плоштадот потсетуваат на крвопролевањето од претходната вечер.

Реклама