Напаѓачи убија свештеник во црква во Франција | Свет | DW | 26.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напаѓачи убија свештеник во црква во Франција

Двајца напаѓачи зедоа заложници во црква во близина на градот Руен во северна Франција, притоа убивајќи го свештеникот пред да бидат застрелани од полицијата.

Гледај видео 00:51
Now live
00:51 минути

Нов терористички напад во Франција

Француските власти потврдија дека на убиениот свештеник му бил пресечен вратот, додека уште едно лице е тешко повредено и се бори за живот. Преостанатите тројца заложници биле спасени од полицијата. Нападот се случил за време на утринска миса во малото гратче Сен Етјен ду Руврај.

Убиениот свештеник Жак Хамел имал 84 години.

Идентитетот и мотивот на напаѓачите остануваат непознати.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни работи Бернар Казнев се упатија во градот.

Франција е во состојба на зголемена готовност по нападот во Ница на 14 јули во кој загинаа 84 луѓе.

Екстремистите на „Исламската држава“ пред извесно време ги повикаа своите следбеници да ги напаѓаат црквите во Франција и се верува дека групата досега испланирала најмалку еден таков напад.

Папата Франсиско изрази згрозување од „варварското убиство“ на свештеникот.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама