Напад во Индијанаполис | Свет | DW | 16.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Напад во Индијанаполис

Во напад во американската метропола Индијанаполис загинаа повеќе лица. Причините за нападот сѐ уште се непознати. Сведоци раскажуваат за драматичните моменти.

Во вооружен напад во Индијанаполис, САД, се убиени најмалку осум луѓе. Нивните тела се пронајдени во близина на меѓународниот аеродром во главниот град на американската сојузна држава Индијана, соопшти полицијата. Според првичните сознанија, напаѓачот извршил самоубиство. Во нападот извршен во објект на фирмата за доставување пакети Федекс има и голем број повредени.

Причините за нападот сѐ уште не се разјаснети. Еден сведок за локална телевизија изјави дека го видел напаѓачот. „Видов човек со некаков вид автоматско оружје кој пукаше околу себе. Веднаш се сокрив.“ Медиумите јавуваат дека во таа филијала на Федекс се вработени повеќе од 4000 луѓе.

Повеќе:

Осомничениот напаѓач во Колорадо е уапсен

Проблемот на Тексас со оружјето и домашниот тероризам

НРА против заострување на законите за оружје во САД

Во САД, и покрај напорите за заострување на законите за оружје, досега нема напредок. Отпорот на моќното лоби за оружје е голем. Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела најави нов обид за сузбивање на вооруженото насилство во земјата. Но, за да се направат измени на законодавството е неопходно мнозинство во Конгресот.