Напад на Бенон од десно врз европските избори | Свет | DW | 24.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Напад на Бенон од десно врз европските избори

Стив Бенон, десничарскиот американски идеолог и поранешен главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, сака да интервенира на европските избори. Поранешниот супер мозок на Трамп е опасен, вели Бернд Ригерт.

„Движење“ (The Movement) се нарекува радикално десничарската оперативна централа, која американскиот националист Стив Бенон сака да ја засади во срцето на Европа, во Брисел. И тоа токму „движење " што не може да е случајно избрано од лукавиот главен стратег на анти-либерализмот. Особено Германците, но и сите други Европејци, треба да ги слушнат овие алармни ѕвона.

Адолф Хитлер и Бенито Мусолини своите фашистички организации  ги нарекуваа „движења", инспирирани од националистички движења во Германија, Австрија и во Унгарија во втората половина на 19 век. „Движењето" на Хитлер донесе  беда, страдање и смрт на милиони луѓе. Стив Бенон, кој себеси се опишува како сатански анти-естаблишмент воин  со својот нов потфат ѓаволски за надоврзува на трендот во Европа. Зашто популистите во Европа  самите за себе, исто така со задоволство говорат како за „движење“, без разлика дали е тоа десничарската националистичка Партија на слободата во Австрија или „Движењето Пет ѕвезди" во Италија. Партијата Алтернатива за Германија  пак одржува контакти со екстремно десничарското „идентитетско движење".

Со ваквото име Стив Бенон  оствари полн погодок за неговата советодавна централа за предизборни кампања. Големите и малите десничарско-популистички и екстремно-десничарски партии во ЕУ веќе се редат во ред  за да профитираат од главниот организатор на изборниот успех на американскиот претседател Трамп. Бенон, од своја страна, има распнато широка мрежа во Европа. Тој ги запозна и ги шармираше клучните лидери на десничарската сцена - од Алис Вајдел, лидерката на АФД, до Марин Ле Пен, десничарската икона во Франција, од екстремно десничарскиот министер за внатрешни работи на Италија, политичарот  на „Лега", Матео Салвини до „Вистинските Финци"  и „Браќата на Италија". Оваа нова „десна“ оска се обидува да стане најмалку трета најголема пратеничка група во Стразбур по следните европски избори во 2019 година.

Повеќе:

-Стив Бенон, мрачната страна на моќта

-Дарт Ведер во Белата Куќа

-Трамп контра Бенон

Стив Бенон сака уште повеќе. Тој сосема јасно пред очи го има распадот на Европската унија, крајот на либералната демократија во Европа.

Досега, десничарските националисти беа сосема некоординирани на европско ниво. Стив Бенон може да го промени ова со модерна логистика за изборната трка, кампањи во социјални медиуми, профили на избирачи со разоткриени податоци и други трикови од американската изборна кампања. Од тоа навистина би можело да произлезе нешто како европско десничарско националистичко „Движење" засновано на изборните успеси во Италија, Австрија и во Германија.

Riegert Bernd Kommentarbild App

Бернд Ригерт, автор на коментарот

Етаблираните конзервативци, социјалисти и либерали, кои досега го одредуваа тонот во ЕУ, мора да се бранат и да развијат концепти за „контра-движење". Европските институции исто така мора да се ангажираат. Краткиот одговор на Европската комисија,  дека ги забележува активностите на Стив Банон, не е доволен. Мора да му застане на патот на „Движењето" пред да биде предоцна. Комисијата, како и земјите-членки, мора да реагираат бидејќи мора да гарантираат „фер и рамноправни“ избори за Европскиот парламент според Договорите на ЕУ.

Во САД, руската тајна служба масивно се обиде да влијае врз изборите. Дали Бенон знаеше за тоа, дали тој  ги поддржувал Русите или тие него, не е докажано. Сепак, јасно е дека Бенон одамна се восхитува на стилот на лидерство на рускиот претседател Владимир Путин и на неговата наводна борба за христијанството. Исто така е јасно дека некои десничарски популистички партии во Европа се кофинансирани од Русија и оти одржуваат блиски контакти со Москва.

Тука би можел да започне големиот манипулатор Бенон. Руското влијание врз европските избори, кое наводно веќе го имало, може да се прошири и целно искористи. За проевропските демократски партии и за институциите сега е важно внимателно да набљудуваат што прави  „Движењето" и како ќе соработува со руските трол фарми. Да се жалат дури откако десничарските популисти ќе го преземат Европскиот парламент, ќе биде предоцна.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама