Напад врз хуманитарна организација во Авганистан | Свет | DW | 24.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Напад врз хуманитарна организација во Авганистан

Канцеларија на невладината организација за правата на децата, „Спасете ги децата“ во Џалалабад е цел на терористички напад, во кој има неколку загинати. Одговорноста ја презеде терористичката милиција Исламска држава

Пред влезот на зградата на хуманитарната организација „Спасете ги децата“ во Џалалабад, околу 100 километри источно од  Кабул,  атентатор-самоубиец активирал бомба, а потоа следел вооружен напад во кој загинале најмалку четири лица. Меѓу нив се еден цивил и еден припадник на безбедносните сили, како и двајца напаѓачи, додека десетина лица се ранети, соопшти денеска владиниот портпарол на провинцијата Нангахар, Атаулах Хоџиани.

Еден од повредените кој во моментот на атентатот се наоѓал на просторот пред зградата, за новинската агенција АФП сведочи за жестока експлозија. „Се засолнавме и здогледавме вооружен човек кој со противоклопен фрлач си го пробиваше патот до главниот влез. Во тој момент јас скокнав од прозорец.“

Авганистанската телевизија прикажа снимки на густ црн чад над зградата на хуманитарната организација во Џалалабад, пред која гореле неколку автомобили. Колку луѓе биле во моментот на нападот во канцеларијата и дали меѓу нив има и меѓународни соработници, не е познато.

Претставник на хуманитарната организација, кој инсистирал на анонимност, изјави дека во зградата постои скривница, просторија со блиндирана врата и без прозорци. За најголем дел од хуманитарните организации кои работат во Авганистан изградбата на вакви заштитени простории во меѓувреме е обврска.

„Спасете ги децата“ е една од најголемите хуманитарни организации во Авганистан и со децении делува во неколку провинции, помагајќи им првенствено на децата и мајките во областа на здравството и образованието. 

Радикално исламистичпките талибанци соопштија дека атентатот не е нивно дело, одговорноста ја презеде терористичката милиција  Исламска држава,  која во регионот има свои активни, иако мали територијални бази и која зачестено врши напади во Нангахар, но и во Кабул.

 

DW.COM

Реклама