Напад врз германски војници во Мали | Свет | DW | 25.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Напад врз германски војници во Мали

Во напад со автомобил бомба врз патрола на воената мисија на ОН во Мали се ранети војници од германскиот Бундесвер. Нема детални информации за инцидентот, но според агенциите, неколку војници се тешко ранети.

Во извештаите на локалните медиуми стои дека непознато лице или лица активирале автомобил-бомба на 155 километри северно од Гао со цел да нападнат патрола на мисијата на ОН, Минусма. Портпарол на командата на мисијата на Бундесверот во Потсдам потврди само дека се погодени германски војници, но не потврди за напад со автобомба.

Новинската агенција АФП јавува за 15 ранети германски војници,  повикувајќи се на „извори од Комисијата за одбрана во Берлин“. Во западноафриканската земја бил испратен воен авион за пренос на ранетите. Агенцијата исто така јавува за автомобил-бомба, веројатно активирана од напаѓач-самоубиец.

Политичарката на германската партија ФДП за прашања од областа на безбедноста, Мари-Агнес Штрак-Цимерман напиша дека, според сериозни извори, „тешко се повредени повеќе војници на Бундесверот од контингентот на ОН – Минусма“, но и дека е рано за било какви шпекулации.

Бундесверот учествува во Минусма, меѓународна мисија за стабилизирање на од криза потресуванатазападноафриканска земја Мали. Германските војници се сместени во кампот Кастор во Гао.