Напад во Берлин, повеќе загинати и повредени | Свет | DW | 19.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Напад во Берлин, повеќе загинати и повредени

Во напад со камион врз божикно пазарче во населбата Шарлотенбург во Берлин кој се случи вечерва има повеќе загинати и над 50 повредени. Возачот е уапсен, совозачот е мртов

Полицијата потврди дека во нападот загинале најмалку 9 лица, а десетици се повредени. Камионот скршнал од патот и навлегол во масата луѓе во божикното пазарче минал повеќе од 50 метри газејќи се пред себе.

На снимките од местото на настанот се уште може да се забележи камионот со полски регистерски таблички, Возачот се обидел да побегне но по кратка потрага на полицијата е уапсен. Репортерите на местото на настанот велат дека во камионот се наоѓало уште едно лице, за кое се сомневаат дека е мртво. Полицијата неофицијално потврди дека се сомнева оти се работи за напад, но нема детали околу мотивите, ниту информација за тоа колку луѓе се наоѓале во камионот со кој бил извршен нападот. 


Областа околу местото каде е извршен нападот е целосно блокирана, како и околните улици. 
Германската полиција преку социјалните мрежи ги повика граѓаните кои живеат во таа област да останат во своите домови, а сите останати да ги ослободат улиците заради слободен проток на полициските и возилата на брза помош. 

Deutschland Archiv Gedächniskirche (Reuters/F. Bensch)

Божикното пазарче кое беше цел на вечерашниот напад

По терористичките напади во Париз и Брисел годинава, Германија го подигна нивото на безбедност. Земјата веќе беше цел на неколку напади годинава, а според полициските информации неколку обиди за терористички напади биле со време спречени. 

Вечерашниот напад во Берлин многумина веднаш го споредијасо сличниот напад во францускиот медитерански град Ница во јули годинава во кој загинаа 84 луѓе

DW.COM

Реклама