Нападот во Манила не е терористички | Свет | DW | 02.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападот во Манила не е терористички

Во напад врз хотелски комплекс во Манила загинаа најмалку 36 лица. Полицијата смета дека не се работи за тероризам.

Безбедносните сили го контролираат хотелскиот комплекс, изјави шефот на Националната полиција Роналд Дела Роса за радиот ДЗММ. Според наводи на полицијата, телата на загинатите биле пронајдени дури неколку часа по нападот, на вториот и третиот кат на хотелскиот комплекс. „Според наша проценка, 36-темина загинати се задушиле“, изјави шефот на полицијата во Манила, Оскар Албајалде.

Претходно Дела Роса објасни дека едно лице со автоматска пушка влегло во казиното во хотелскиот комплекс и запалило дел од масите. Притоа имало и истрели, но тие не биле насочени кон гостите во казиното или вработените. Вооружениот напаѓач потоа го наполнил својот ранец со жетони во вредност од околу два милиона евра.

Напаѓачот побегнал од казиното и се заклучил во една од собите, по што отворил оган врз припадниците на безбедносните сили. Потоа извршил самоубиство. Полицијата смета дека не се работи за терористички напад. Како што соопштија безбедносните сили, напаѓачот најверојатно бил зависник од игри на среќа и сакал да му се одмазди на казиното.

Гледај видео 01:29

Напаѓачот на казиното се самоубил

Оскар Албајалде, шеф на полицијата во Манила, оцени:

„Мислам дека нема индикации за терористички напад, затоа што бил сам и не донел ништо. Ја откривме неговата торба и сѐ што имаше внатре се жетони од казиното.“

Според Албајалде, напаѓачот „можеби ги загубил сите свои пари и потоа полудел“.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама