Нападот во Ансбах веројатно со исламистичка позадина | Свет | DW | 25.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нападот во Ансбах веројатно со исламистичка позадина

Во центарот на Ансбах вчеравечер 27-годишен Сириец активираше експлозив, при што самиот загина, а повредени се 12 лица, од кои три тешко.

Три напади во Баварија за само една недела - по нападот со секира во Вирцбург и нападот во Минхен, вчеравечер се случи бомбашки напад во Ансбах. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман соопшти дека напаѓачот, 27-годишен бегалец од Сирија, имал намера да „спречи“ музички фестивал во градот, на кој присуствуваа 2500 луѓе. Сепак, не му бил дозволен влез на фестивалскиот простор, затоа што немал карта за влез. Експлозивот, кој го носел во ранец, го активирал некаде околу 22 часот, пред влезот на концертниот простор. Шефот на полицијата во Нирнберг, Роман Фертингер, изјави: „Ако успеел да влезе со ранецот на фестивалот, ќе имаше сигурно повеќе жртви.“

На прашањето дали напаѓачот е поврзан со терористичката милиција Исламска држава, министерот Херман на прес-конференција одговори: „Во секој случај тоа не може да се исклучи.“ Конкретни укажувања за поврзаност со ИД нема, но „очигледната намера да бидат убиени што повеќе луѓе, укажува на исламистичка позадина“ на нападот. Во изјавата за агенцијата ДПА министерот Херман нешто подоцна оцени дека тој смета оти е веројатно да се работи за дело на исламистички атентатор самоубиец.

Deutschland Ansbach Explosion PK Joachim Herrmann

Јоахим Херман на прес-конференција во Нирнберг по нападот

Одбиено барање за азил

Напаѓачот во Германија стигнал пред две години и поднесол барање за азил. Барањето му било одбиено пред една година, но оттогаш имал статус на толериран бегалец. Живееле во сместувалиште за бегалци во Ансбах. Сириецот досега веќе два пати се обидел да се самоубие, поради што бил на психијатриски третман во клиника.

Властите сега работат на проверка дали станува збор навистина за терористички напад. Важно е да се утврди со кого комуницирал напаѓачот, изјави обвинителот Михаел Шротбергер. Иследниците кај Сириецот пронашле мобилен телефон, кој сега се проверува. Нејасно е како тој стигнал до експлозив, а мора да се разјасни и од каде точно потекнуваат металните делови во експлозивот. Според Фертингер, тие наликуваат на делови што се употребуваат во дрвната индустрија.

Гледај видео 00:34
Now live
00:34 минути

Претрес во домот на напаѓачот

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама