Намалување на тензиите помеѓу Турција и Грција | Свет | DW | 15.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Намалување на тензиите помеѓу Турција и Грција

По пет месеци поминати во затвор во Турција, двајцата грчки војници изутринава се вратија во Грција со владин авион. Нивното нечекувано ослободување ги намали тензиите меѓу двете соседни земји и историски ривали.

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, рече дека му се јавил на турскиот колега да изрази задоволство поради овој потег и да го покани во посета на Грција. „Се надевам оти нивното ослободување... ќе означи нов ден во грчко-турските односи. Можеме да живееме мирно, за доброто на двата народа“, порача Каменос.

Војниците, офицер од понизок ранг и хирург, се сретнаа по враќањето во Грција со Каменос, началник на штабот на војската и почесен гардист, на аеродромот во Солун.

Овие мажи беа уапсени на 1 март поради незаконски влез во Турција по преминувањето на границата која беше обезбедена со силна воена сила.

Грција остро протестираше поради нивниот долготраен притвор во западниот турски град Едрене, наведувајќи дека војниците по грешка ја преминале границата поради лошата видливост за време на лоши временски услови. Грчкиот премиер Алексис Ципрас го поздрави нивното ослободување како „праведен чин“ и за нивно враќање го обезбеди авионот со кој тој лично лета во официјални странски посети. Ослободувањето на војниците го поздрави и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. 

Апсењето на двајцата припадници на грчката војска значително ги наруши билатералните односи меѓу Грција и Турција. Каменос за време на нивниот притвор тврдеше дека се водат како „заложници“ на Турција која на тој начин тежи да овозможи екстрадиција на 8 побегнати турски војници кои Анкара ги обвинува оти учествувале во обидот за државен удар во јули 2016 година.

Официјална Атина одби да изврши екстрадиција на осумте турски војници, а како причина за тоа го наведе фактот дека тие нема да имаат можност за фер судење во Турција и оти таму нивните животи ќе бидат загрозени.

DW.COM

Реклама