Намален бројот на мртви наркомани | Панорама | DW | 29.03.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Намален бројот на мртви наркомани

Додека бројот на мртви наркомани во Германија во минатата година е намален, бројот на консументи кои првпат пробале дрога е зголемен.

Бројот на мртви наркомани во Германија во текот на минатата година значително се намалил. Во 2011 година како последица на конзумирање дроги, како кокаин, хероин, екстази, канабис и хашиш, починале 986 луѓе.

Die Drogenbeauftragte der Bundesregierung Mechthild Dyckmans

Мехтилд Дикманс

„Тоа е најмал број од 1988 година досега. Споредено со 2000 година, тоа е намалување од 20 проценти“, вели Мехтилд Дикманс, ополномоштеник на владата за прашања на дроги.

И натаму главна причина за смрт кај консументите на дрога е прекумерна доза хероин. Бројот на лица кои починале како резултат на конзумирање повеќе дроги е значително зголемен во изминатата година, соопшти Дикманс пред новинарите во Берлин.

Помалку мртви наркомани, повеќе консументи почетници

Намалениот број починати од дрога е доказ дека превентивните програми на сојузот и покраините имаат ефект. Избраните методи, преку третмани со метадон, контролирани простории каде се конзумира дрога и хигиенски мерки, како чисти шприцеви, даваат резултати. „Резултатите потврдуваат дека консументите, со помош на државата, живеат подолго, а и конзумирањето хероин кај младите е се‘ помалку раширено“, нагласува ополномоштеникот за прашања на дроги.

Präsident BKA Jörg Ziercke

Јерг Цирке

Сепак, претседателот на Сојузната криминалистичка служба (БКА) Јерг Цирке, предупреди дека не треба се живее од успесите на превентивната работа. Тој нагласи дека постојано се зголемува бројот на консументи кои првпат пробале тешки дроги, што е загрижувачки. Во 2011 година бројот на лицата кои првпат пробламе тешки дроги се зголемил за 15 проценти. „По осми пат по ред се зголемил бројот на лица кои првпат конзумирале амфетамин и метамфетамин“, нагласи претседателот на БКА.

Сојузната криминалистичка служба минатата година запленила најголемо количество дрога досега. Кај 11.000 лица се запленети вкупно 1,4 тони амфетамини и метамфетамини. За БКА особен проблем претставува дрогата која се дели на забави „кристал“. Станува збор за кристален метамфетамин, кого првпат го конзумирале 164 проценти лица повеќе во споредба со претходниот период.

Снабдувачи - авганистанските лаборатории за дрога

Хероинот кој се продава и конзумира во Германија, според сознанија на БКА, доаѓа главно од Авганистан. „Само хероинот од опиумот во Авганистан изнесува околу 600 до 650 тони во моментов, што е доволно за да се засити светскиот пазар“, нагласува Цирке. Само за споредба - според статистиката на ОН, во светот хероин конзумираат меѓу 12 и 14 милиони луѓе, кои трошат околу 375 тони хероин годишно.

Drogenanbau in Helmand Afghanistan

Авганистан има хароин за да се засити светскиот пазар

Германската Сојузна криминалистичка служба во борбата против шверц на дрога става акцент на уништување на синџирите на доставување дрога. Засилено се контролира и транспортот на хемиски супстанци за производство на синтетички дроги во авганистанските лаборатории.

„Ако без хемија нема хероин, тогаш мора да се спречи хемијата потребна за производство на хероин да стигне во Авганистан“, вели Цирке.

БКА веќе има потпишано соодветен договор со хемиската индустрија во Германија. Оваа практика Цирке сака да ја прошири преку дипломатски иницијативи и со земјите соседи на Авганистан. Таа соработка треба да е слична како соработката со властите во Перу, со кои БКА заедно води истраги против картелите со дрога.