Надеж за примирје на Блискиот Исток | Свет | DW | 04.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Надеж за примирје на Блискиот Исток

Се‘уште нема потврда, но според медиумски извештаи, можен е прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците. Хамас е наводно подготвен за примирје. Но, Израел и натаму напаѓа палестински цели.

Исламистичката организација Хамас, која управува со Појасот Газа, понуди запирање на ракетните напади врз израелската територија, доколку Израел ги запре своите воздушни напади, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на палестински извори. Неидентификуван палестински извор во Ерусалим, близок до Хамас, открил дека високи функционери на египетското разузнавање посредуваат за можен прекин на огнот, откако во изминатите неколку денови дојде до ескалација на непријателствата.

Израелските власти тврдат дека од Газа продлжуваат ракетирањата на јужните делови на Израел, без да предизвикаат штета, или било кого да повредат. Откритието за преговорите што се водат во сенка, околу прекин на огнот меѓу Хамас и Израелците, доаѓа во време на висока напнатост и силни тензии во реонот на Источен Ерусалим, поради погребот на убиениот палестински тинејџер.

Два дена траат судирањата меѓу маскирани палестински демонстранти и израелските сили за безбедност поради околу киднапирањето и убиството на еден 17 годишен Палестинец. Израелската полиција отвори истрага за убиството, за кое не се знаат мотивите. Во Ерусалим се верува дека станува збор за одмазда за тројцата претходно киднапирани, па потоа убиени израелски тинејџери на Западниот Брег.

Претставник на израелската војска изјави дека и денеска била ракетирана територијата на јужен Изаел, но дека ракетите биле успешно пресретнувани од одбранбениот ракетен систем на израелската војска кој не дозволува тие да паднат во населени места. Извори на Хамас ја потврдија веста за „интензивните преговори“ меѓу претставници на оваа милитантна организација и египетските разузнавачки функционери. Преставник на израелските сили за безбедност на тоа реагираше со изјава дека „топката е во дворот на Хамас“.

„Ние ги известивме (во Хамас) дека на смирувањето ќе се одговори со смирување и тие знаат што тоа значи, рече овој израелски претставник.

Жителите на Појасот Газа јавуваат дека во меѓувреме продолжуваат израелските воздушни напади врз позиции на радикално-исламистички Палестинци, при што се повредени 15 лица.

Поврзана содржина

Реклама