Надвор без маски: Гибралтар се враќа во нормала | Свет | DW | 05.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Надвор без маски: Гибралтар се враќа во нормала

Населението на Гибралтар е веројатно првото што е имуно на коронавирусот. Додека во Шпанија се подготвуваат за нов бран, на Гибралтар речиси сите се вакцинирани и може да се опуштат.

На Саманта Сакраменто сето и се чини по малку нереално. Веќе неколку дена во Гибралтар надвор речиси никаде не мора да се носат маски. „Се чувствуваш како да си заборавил да земеш нешто или пак како нешто да правиш погрешно. Мислам дека психолошки мора на многу нивоа да се подготвиме", вели министерката за здравство на британскиот регион на југот на Шпанија.

Gibraltar Coronavirus

Вакцинирани со рекордна брзина: на 34 илјади население потребните дози за вакцинација не беа проблем за набавка.

Укинат е и полицискиот час. Баровите и рестораните исто како и пред пандемијата се отворени до два часот наутро. Луѓето за шпанска телевизија велат дека се чувствуваат олеснето. Конечно може слободно да дишат. „Можеби наското ќе може да живееме како порано", вели една келнерка.

Тоа е во силен контраст со остатокот од Европа каде многу земји заради растечкиот број заразени лица моментално повторно или и понатаму се во локдаун.

Најбрза програма за вакцинација во Европа

Тоа што Гибралтар по долги месеци пандемија сега внимателно се враќа во нормала не се должи само на консекветни мерки против корона, туку и на добро организираната програма за вакцинација, смета министерката Сакраменто. Речиси сите 34 илјади жители сега се вакцинирани и дури и голем дел од 10 илјади Шпанци кои доаѓаат секој ден на работа во Гибралтар. Тоа во борбата против вирусот е само по себе разбирливо, вели таа.

Повеќе:

-Коронавирус: Учете од САД - 100 милиони вакцинирани

-АстраЗенека: Спротиставени пораки од Холандија и од Велика Британија

-Бавна вакцинација во БиХ: „Зошто Бајден не испрати ништо?“

Гибралтар би можеле да бидат првата нација на светот која го вакцинирала цело население, како што изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Во Европа можеби ќе биде и нација со најбрза програма за вакцинација што секако се должи и на малиот број жители, но и на тоа дека немаше прблеми со испораката на вакцините кои беа ставени на располагање од Велика Британија.

Сакраменто вели дека се благодарни за тоа бидејќи и Гибралтар имаше тешки моменти. Иако пандемијата до крајот на минатата година таму помина релативно безопасно од почетокот на годинава се појавиле мутациите на вирусот и со нив и првите жртви од корона. Вкупно 94 лица во Гибралтар починале до сега од корона што е висока цифра, ако се земе в предвид малиот број на жители.

Во корона одделот во болницата во Сент Бернард нема пациенти. „Веќе неколку дена немаме позитивни случаи. Ова е неверојатно добар знак,“ се радува министерката за здравство Саманта Сакраменто.

Во соседна Андалузија во Шпанија се уште се многу далеку од оваа цел. Во регионот во моментов се бележи нагло зголемување на бројот заразени. По кусо смирување на ситуацијата болниците повторно се полнат.

Андалузијката Лурде Гамиз сепак се радува дека животот во Гибралтар полека се враќа во нормала. Тоа и дава надеж. Истовремено, таа по малку и им завидува, што е разбирливо. Оваа 63 годишна пензионерка и нејзиниот сопруг со месеци живеат речиси во изолација на село во близина на Гранада за да се заштитат од зараза. Иако многу ресторани и продавници во Шпанија се отворени, владата повторно ги заостри регулативите за носење маски. Сега се задолжителни и на плажа додека се сончате.

Копнеж по нормалност

За Гамиз носењето маски повеќе е неподносливо. И недостасува леснотијата од порано. „Едноставно на раат да излезеш со кого сакаш, да си го видиш семејството или пријателите. Да не бегаш од луѓето. Во Шпанија, особено во Андалузија ние радо излегуваме и се дружиме. Ова е очајно“, вели Гамиз. Таа едвај чека да добие термин за вакцинирање, но како што стојат работите тоа може да потрае. Во Шпанија се вакцинирани поголемиот дел од оние над 80 години, здравствените работници и наставниците, но севкупно досега е заштитено само 6% од населението. И во Шпанија, како и во ЕУ вакцинацијата заостанува поради проблеми со испораките, приоритетни листи и бирократски процедури.

Гледај видео 02:41

САД: Вакцинација со „турбо“ брзина

Лурде Гамиз е скептична дека до крајот на летото ќе бидат вакцинирани 70% од Шпанците, како што вети владата на почетокот на процесот на вакцинација. Гамиз вели дека две нејзини пријателки се вакцинирани, но сепак враќање во нормалност очекува дури следната година.

Дури и во соседен Гибралтар, и покрај тоа што веќе има јавни настани со публика – се одржа бокс-меч со 500 гледачи- остануваат претпазливи. Само вакцинираните со две дози смеат да присуствуваат на вакви настани и пред да влезат надвор се тестираат со брзи тестови.

Гибралтар на неделно ниво ги ревидира рестриктивните мерки. И понатаму е задолжително носење маски во продавниците. Владата останува претпазлива.