Надворешна политика на ЕУ без Трамп | Свет | DW | 20.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Надворешна политика на ЕУ без Трамп

Тој беше цело време присутен, иако воопшто не беше таму. На Минхенската безбедносна конференција загриженоста околу политиката на Доналд Трамп им го презеде приматот на другите теми. Време е за одлуки, смета Дагмар Енгел

Долго, можеби и никогаш досега, интересот за Минхенската безбедносна конференција не беше толку голем како годинава. Пред настапот на американскиот потпретседател Мајк Пенс сите очекуваа јаснотија околу идната надворешна политика на САД под раководство на претседателот Доналд Трамп. Но тоа сепак беше едно очекување премногу. За класичните трансатлатичари, кои секоја година се собираат во Минхен, за волја на вистината имаше смирување на НАТО-фронтот. Претседателот го остави својот заменик да порача дека САД стојат на нивните обврски во Алијансата.

Потоа меѓутоа не дојде никакво значајно дополнување. Дека САД планираат својот воен буџет масивно да го зголемат и дека истото го очекуваат од своите партнери во Алијансата, дека го отфрлаат атомскиот договор со Иран и оти од Русија очекуваат во украинскиот конфликт да се придржува до договорот од Минск- сето тоа беше познато и пред настапот на потпретседателот на САД на Минхенската безбедносна конференција. Ништо повеќе не открија ниту министрите за одбрана и за надворешни работи на САД, Џејмс Матис и Рекс Тилерсон за време на нивниот престој во Германија во минатата недела. Официјално се вели дека тие најнапред сакаат да слушаат. Неофицијално пак е јасно: тие  знаат каква  е нивната сопствена позиција но не знаат како ќе изгледа надворешната политика на нивниот претседател. Со други зборови: не знааат кој одлучува.

Kommentarbild Kommentatorenfoto Dagmar Engel

Дагмар Енгел

Сега по конференцијата во Минхен е јасно дека е дојдено време за одлуки. Не само, за одлуки на американскиот претседател туку во прв ред за одлуки на Европејците за тоа како го гледаат светот и како сакаат да настапуваат во него. Дали, како и Американците, ја гледаат безбедноста пред сѐ во воената силина или пак сакаат да го следат европскиот пат: соработка наместо изолација, јакнење на воените структури, подобрување на институциите наместо нивно прогласување за „одвишни“, спречување на конфликти наместо полагање во воени решенија.

Тоа се доволно итни задачи за Европската Унија, дури и ако во моментов таа не е толку единствена. Но тоа се задачи, чии решенија таа самата ги има во раце. Инвестицијата би можела да се исплати: создавањето простор за дејствување помага против чувството на немоќ. Зашто не може да се очекува дека ЕУ ќе ги преземе сите проблеми од големиот брат САД, ни во моментов а веројатно ниту во поблиска иднина.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама