Надал останува крал во Париз | Теми | DW | 09.06.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Надал останува крал во Париз

Надал е неспорен крал на тенискиот терен во Париз - Шпанецот ја освои својата 9. титула, падна на колена и речиси со неверување гледаше во небото. Ѓоковиќ се шегува: „Можеби ќе победам на турниров ако станам левак“.

Бранителот на титулата на Ролан Гарос, Рафаел Надал, го победи вечниот ривал Новак Ѓоковиќ со 3:6; 7:5; 6:2; 6:4 во финалето кое, како што рече, било „многу емоционално“. Солзите во очите на Надал при доделувањето на трофејот и шпанската химна, беа потврда на неговите зборови и емоционална состојба.

„Морав да одам до своите граници. Новак исто така ја заслужува титулата и некогаш и ќе ја освои“, изјави Надал. Новак Ѓоковиќ, пак, и натаму мора да чека на својата прва победа на грен слем турнирот во Франција. „Можам само да му честитам на Рафа. Тој е голем играч“, рече Ѓоковиќ, кој од гледачите беше поздравен со голем, долг аплауз.

Надал за победата „касираше“ 1,65 милиони евра. Ниту еден друг тенисер досега не освоил повеќе титули на еден од четирите грен слем турнири, како Надал во Париз.

Шарапова број еден во Париз

Sharapova gewinnt die French Open 2014

Марија Шарапова

Во женска конкуренција, на Ролан Гарос најдобра беше Марија Шарапова. Таа во саботата (7.06) во драмантично финале, по повеќе од три часа борба, ја победи Симона Халеп од Романија со 6:4; 6:7; 6:4.

Руската тенисерка стигна до својата втора титула на Ролан Гарос, вкупно петта на турнирите од Грен слем серијата. Од друга страна, Халеп во своето прво Грен слем финале остана без титулата.