Награда – пржен колбас, предизвика навала за вакцинирање | Информации и анализи за Германија | DW | 30.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Награда – пржен колбас, предизвика навала за вакцинирање

За да ја поттикнат подготвеноста за вакцинирање, некои земји и градови организираат лотарија, даваат парични награди, а во Германија како ефикасно средство се покажа и еден кулинарски специјалитет.

Наградата - пржен колбас донесла денеска вистинска навала по термини за вакцинирање на еден пункт во Зонеберг, место во германската покраина Тирингија. До попладнето, според наводите на Лекарското здружение КВ се пријавиле 250 лица за покрај вакцината да ја подигнат и својата награда во форма на кулинарскиот специјалитет (Bratwurst). Вообичаено, во вакциналниот центар инаку биле вршени до 140 вакцинирања дневно, истакнува раководителот на Штабот за пандемија при КВ, Јерг Мерц. Тириншкиот пржен колбас, покрај кнедлите, ужива такаречи легендарен имиџ, и надвор од покраинските граници. За жителите на покраината Тирингија тој се смета за некој вид национално јадење.

BdT Grundsteinlegung für neues Bratwurstmuseum

Тириншкиот пржен колбас е познат специјалитет

Премиерно понуденото вакцинирање со пржен колбас како награда е една од многуте идеи со кои Тирингија се труди да ја разбуди мотивацијата за имунизација кај граѓаните. Покрај овој начин, постојат и понуди за вакцинирање на фудбалските натпревари на четворолигашот ФЦ Карл Цајс Јена и слични.

Во Германија во меѓувреме целосно вакцинирани се 51,5  % од вкупното населението, а најмалку една доза вакцина примиле 51,1 милиони граѓани.