Награда на Дојче Веле за слобода на говорот: годинешни добитници | Свет | DW | 04.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Награда на Дојче Веле за слобода на говорот: годинешни добитници

17 луѓе од 14 земји годинава се добитници на Наградата за слобода на говорот на Дојче Веле. Таа е посветена на „сите храбри новинари во светот“, кои се под притисок поради нивното известување за корона-пандемијата.

Од 2015 година Дојче Веле доделува Награда за слобода на говор на поединци или иницијативи кои се особено посветени на заштита на човековите права и слобода на говор. Годинава, во сред корона-кризата, ДВ донесе одлука да награди 17 новинари од 14 земји, од четири континети. Тие ги претставуваат сите новинари кои исчезнаа, се затворени или се под закани поради нивното известување за Ковид 19.

Ana Lalic Demos gegen Faschismus in Novi Sad Serbien (DW/D. Gruhonjic)

Ана Лалиќ

Србија: Ана Лалиќ

Новинарката која работи за онлајн порталот Нова.рс, два дена беше во притвор откако објави напис за недостаток на заштитна и медицинска опрема во градот Нови Сад. Таа беше обвинета дека шири лажни информации и предизвикува паника.

Словенија: Блаж Згага

Истражувачкиот новинар Блаж Згага, кој работи како фриленсер, е шиканиран од владата, а доби и анонимни смртни закани. Згага е член на Меѓународната мрежа на истражувачки новинари (ИЦИЈ)

Повеќе:

-ДВ: Пуштете ги новинарите на слобода

Белорусија: Сергеј Сазук

Сергеј Сазук беше уапсен на 25 март, а ослободен на 4 април. Официјално, новинарот кој работи за веб порталот „Јездневник“ е обвинет дека земал поткуп. Пред неговото апсење тој го критикуваше пристапот на владата во справувањето со пандемијата. Претседателот Александар Лукашенко претходно изјави дека некој мора „да се погрижи за медиумите кои известуваат за пандемијата.“

Русија: Јелена Милашина

Journalistin Elena Milashina Russland (Imago Images)

Јелена Милашина

На 12 април, руската истражувачка новинарка која работи за „Новаја Газета“ објави напис за тоа како чеченските власти требало да реагираат на пандемијата. Следниот ден на социјалните мрежи доби пораки со смртни закани лично од чеченскиот претседател Рамсан Кадиров.

Венецела: Дарвинсон Рохас

Дарвинсон Рохас кој работи како фриленсер, беше насилно уапсен, сослушуван и дванаесет дена во затвор, откако известуваше за ширењето на пандемијата од коронавирусот во Венецуела. Тој е обвинет за намерно ширење говор на омраза и манипулација. На 2 април е пуштен на слобода со кауција.

Иран: Мохамад Мосаед

Verfolgte Journalisten One Free Press Coalition Mohammad Mosaed Iran (Farid KamranNia)

Мохамед Мосаед

Мохамад Мосаед, фриленс новинар беше уапсен во февруари откако ја критикуваша лошата подготвеност на владата да се справи со шиерењето на коронавирусот во земјата. Според здружението “One Free Press Coalition“ забрането му е да си ја извршува работата. Властите исто така му ги деактивираа сите негови профили на социјалните мрежи додека тој чека термин за судско рочиште.

Зимбабве: Беатифик Нгумбванда

Репортерот на неделникот „ТелЗим“,  Беатифик Нгумбванда беше уапсен на 8 април поради наводно кршење на воведените ограничувања за движење. Иако ја покажал својата акредитација, тој беше држен во притвор неколку часа.

Уганда: Давид Мусиси Кајанколо

Телевизискиот новинар од телевизијата „Букеде“ беше тешко претепан од безнедносните сили во неговиот дом. Давид Мусиси Кајанколо десет часа лежеше во кома. Припадниците на безбедносните сили изјавиле дека новинарот ја прекршил забраната за движење. Еден полицаец подоцна е уапсен за нападот врз новинарот.

Турција: Нурчан Бајсал

Nurcan Baysal Journalismus Türkei Medien (privat)

Нурчан Бајсал

Наградуваниот новинари и борец за човекови права, Нурчан Бајсал е под истрага дека “поттикнувала во јавноста непријателство и омраза„. Бајсал на социјалните мрежи објавуваше написи и коментари за реакцијата на властите во справувањето со коронавирусот. Во разговор за Дојче Веле таа вели:“Во ваква клима, новинарите неизбежно сами себе ќе се цензурираат за да избегнат затворска казна.“

Турција:Исмет Чигит

Главниот уредник на весникот “СЕС Кочаели„ беше уапсен во врска со еден извештај објавен во онлајн изданието на 18 март. Станува збор за две лица кои наводно починале од Ковид 19 во Кочаели. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) извести дека Исмет Чигит подоцна бил ослободен.

Јордан: Фареш Сајег

Jordanien Fares Sayegh (Roya TV)

Фареш Сајег

Како една од водечките медиумски куќи во Јордан, „Роја ТВ“ придонесе да се пренесат актуелни и релевантни информации за Ковид 19 и да се откријат недостатоците на презементите безбедносни мерки во раната фаза на избувнувањето на епидемијата во земјата. По извештајот во кој беа анкетирани граѓани во однос на ограничувањата во земјата, првиот човек на медиумот Фареш Сајег и уште еден негов колега се уапсени на 9 април. Три дена подоцна се пуштени на слобода со кауција.

Индија: Сидарти Варадарајан

Сидарти Варадарајан, еден од основачите на непрофитната онлајн страница “The Wire" е уапсен на 10 април. Претходно се појави напис за еден политичар кој ги прекршил насоките за Ковид 19 со учество на една религиозна церемонија. "The Wire" меѓу другото е обвинет „за предизвикување револт“ и “паника“.

Камбоџа: Сован Рити

Новинарот на ТВФБ, Сован Рити беше уапсен на 7 април поради „поттикнување хаос и загрозување на социјалната безбедност“. Рити го цитираше премиерот Хун Сен  кој изјавил дека владата не може да им помогне на таксистите со мотоцикли на кои им се заканува банкрот поради кризата. Министерството за информаци им ја одзема лиценцата за емитување на ТВФБ. Ако биде осуден, Рити се соочува со затворска казна до две години. Како што известуваат Репортери без граници, Министерството за информации на Камбоџа не им се префрла на новинарите дека погрешно го цитирале премиерот, туку изборот на цитатот е казнивото дело.

Филипини: Марија Викторија Белтран

На 19.април уметникот Марија Викторија Белтран беше уапсена заради сатирична објава на Фејсбук. Го објавила во контекст на растечкиот број инфицирани лица во Себу Сити. Градоначалникот објавата и ја оквалификувал како ‘фејк њус’ и ‘криминален чин’ и и се заканил со затворска казна.

Кина: Чен Кјуши

Chen Qiushi (Privat)

Чен Кјуши

Кинескиот адвокат, активист и граѓански новинар е познат по известувањето за протестите во Хонгконг во 2019 година. Тој известуваше од Вухан, местото од каде почна пандемијата на Ковид-19, разговараше со доктори и граѓани. Исчезнат е од 6 февруари.

Гледај видео 01:33

Коронавирус: Каде е Чен Кјуши?

Кина: Ли Зехуа

Граѓанскиот новинар и поранешен модератор во кинеската државна телевизија ЦЦТВ исчезна во Вухан на 26 февруари додека известуваше за кризата и го тематизираше исчезнувањето на Чен Киуши. На 22 април се јави преку платформата Јутјуб. Рече дека бил “сместен во карантин и дека властите добро се однесувале со него”.

Кина: Фанг Бин

Избувнувањето на Ковид-19 во неговиот роден град Фанг Бин го направи граѓанин-новинар. Едно од неговите најпознати видеа покажува мртовечки вреќи во транспортер пред една болница. По повеќе посети од полицијата, Фанг исчезнува на 9 февруари.

Реклама