Награда на ДВ за известувачите од Белата Куќа | Свет | DW | 20.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Награда на ДВ за известувачите од Белата Куќа

Претседателот на асоцијацијата на известувачи од Белата Куќа, Џеф Мејсон ја доби наградата на ДВ за слобода на печатот за 2017. Мејсон се надева дека тоа ќе ја окуражи борбата за слободата на печатот ширум светот

Претседателот на асоцијацијата на известувачите од Белата Куќа, Џеф Мејсон ја прими наградата на првиот ден од Глобалниот медија форум на ДВ кој по 10. пат се одржува во Бон, од име на новинарите кои од првите редови известуваат за работата на администрацијата на Трамп. Мејсон, кој е на чело на асоцијацијата од јули 2016 година, изјави дека е почестен од наградата и дека никогаш не очекувал оти тоа може да и се случи на неговото здружение.
„Доколку добивањето на наградата ќе фрли повеќе светлина врз слободата на печатот низ целиот свет, доколку изборот на Дојче Веле го апострофира фактот дека дури и во силни, етаблирани демократии, мора да се борите за правата на новинарите... тогаш во тој дух јас понизно и со голема благодарност ја примам оваа награда“, рече Мејсон.

Winner of the Deutsche Welle Freedom of Speech Award 2017: White House Correspondents' Association; Award accepted by Jeff Mason (President, White House Correspondents' Association, USA); (right) Peter Limbourg (Director General, Deutsche Welle, Germany) (DW/K. Danetzki)

Генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург и лауреатот Џеф Мејсон


Тој призна дека од изборот на Трамп за претседател на САД, предизвиците за новинарите „драматично се зголемиле“. Трамп во повеќе наврати ги обвинуваше новинарите дека произведуваат „лажни вести“, а некои медиуми ги нарече „непријатели на американскиот народ“.
Генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург изјави дека наградата е замислена како „знак на солидарност и охрабрување за оние колеги кои ја имаат возбудливата задача да информираат за американскиот претседател и неговите политики“.
Наградата за слобода на говорот на ДВ се доделува од пред две години со цел да се промовираат иницијативи и поединци кои отскокнуваат во борбата за промоција на слободата на изразувањето и човековите права.

Реклама