Навредата на Исламот не е слобода на говор | Свет | DW | 26.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Навредата на Исламот не е слобода на говор

Европскиот суд за човекови права пресуди против една Австријка која тврдеше дека нарекувањето на пророкот Мухамед- педофил е слобода на говор. Тужителката сметаше дека на тој начин придонесува кон слобода на говорот

Пресудата за една Австријка поради тоа што го нарекувала пророкот Мухамед педофил не ја загрозува нејзината слобода на говор, пресуди Европскиот суд за човекови права.
Судот во Стразбур пресуди дека австриските судови внимателно го балансирале „правото на слобода на изразување со правото на другите да им бидат заштитени верските чувства, и ѝ служела на легитимната цел за зачувување на верскиот мир во Австрија“.
Жената во 2009 година одржала два семинари насловени „Основни информации за Исламот“, за време кои го споредувала бракот на Мухамед со шестгодишното девојче Ајша, со педофилија.

Границите на слободниот говор

Бракот, согласно исламската традиција, бил конзумиран која Ајша имала 9, а Мухамед околу 50 години. Ајша била ќерка на најдобриот пријател на Мухамед и прв калиф, Абу Бакр.
Судот наведува дека Австријката за време на семинарот рекла дека „Мухамед сакал да има секс со деца“ и „Еден 56-годишник и шестгодишно девојче... Како се нарекува тоа, ако не педофилија?“
Австриски суд ја осуди жената поради навреда на религијата и ја казни со 480 евра. Други домашни судови ја потврдија пресудата, пред таа да одлучи да се жали пред Европскиот суд.
Жената аргументираше дека нејзините коментари се нејзино право согласно слободата на говорот и дека верските групи мора да толерираат критика. Таа тврди дека нивната цел била да дадат прилог во јавната дебата, а не да го навредат исламскиот пророк.

Немало намера за промоција на дебата

Судот прифати дека верската слобода не ги ослободува луѓето од критики или отфрлање на нивната религија. Сепак, Судот смета дека коментарите на жената не биле објективни, не обезбедиле историска позадина и немале намера да промовираат јавна дебата.
Нејзините коментари „можат да бидат сфатени единствено со цел да демонстрираат дека Мухамед не бил вреден за обожување“, оценува судот, додавајќи дека изјавите не биле базирани врз факти и имале за дел да го понижат Исламот.
На крајот, судот заклучува дека дури и во една дебата,  слободата на изразувањето не дозволува „вметнување на инкриминирачки изјави во еден пакет со инаку прифатливо изразување став и тврдење дека тоа ги прави прифатливи оние изјави кои ги надминуваат дозволените лимити на слободата на говорот“.

 

DW.COM

Реклама