Наводнување со вода од Вардар не е препорачливо | Северна Македонија | DW | 06.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Наводнување со вода од Вардар не е препорачливо

Индустриските отрови и канализацискиот отпад го променија изгледот на реката Вардар, која некогаш беше сина и полна со жив свет. Скопје би требало да добие пречистителната станица за 5 години. А дотогаш?

Последната индустриска хаварија кој предизвика помор на риби во Вардар, заврши со парична казна и привремена забрана за работа за фабриката. Но, загадувањето на реката продолжи. 

Погледнете го видеото на оваа тема:

 

 

Проф. д-р Михаил Кочубовски, специјалист по хигиена во Институтот за Јавно здравје - Скопје, не препорачува наводнување со водата од Вардар:

„Со оглед на тоа што сме во процес на пристапување кон ЕУ, се надеваме дека ќе ги почнеме преговорите, ние мораме да ги исполниме критериумите не само заради тоа, туку и од аспект на заштита на здравјето на луѓето. Зошто е тоа важно? На пример, има земјоделци кои директно наводнуваат земјоделски култури со вода од реката Вардар, што не е препорачливо.“

Надлежните ветуваат системи за прочистување по европски стандарди

Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, вели:

„Ние сме сериозно напреднати во тој процес и очекувам да нема одложување, односно дека до крајот на 2020 година, согласно договорите и обврските коишто ги имаме преземено како град, ќе го распишеме тендерот за пречистителна станица и некаде во 2025 година градот Скопје би имал еден сериозен инфраструктурен објект којшто, според сегашната проценка, би требало да чини до 130 милиони евра.“

Дотогаш, останува надежта дека отровот од Вардар не завршил токму на нашата трпеза.

Гледај видео 02:08

#dw_BalkanBooster: Наводнување со вода од Вардар не е препорачливо

Поврзана содржина

Реклама