Навални штрајкува со глад | Свет | DW | 31.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Навални штрајкува со глад

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, затворен во казнен логор, започна штрајк со глад, во знак на протест против недостатокот на медицинска нега.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални соопшти дека започнал штрајк со глад во затворот во протест затоа што официјалните лица не му обебзедиле соодветно лечење за болките во нозете и во грбот.

Во соопштението објавено денеска на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм Навални се жали на одбивање на затворските власти да му дадат соодветни лекови и да дозволат неговиот лекар да го посети во затворот.

„Имам право да ми дојде лекар и да примам лекови“, напиша Навални на Инстаграм. Тој, исто така, протестира поради тоа што чуварите го проверуваат секој час за време на доцните вечерни часови, наведувајќи оти тоа е еднакво на тортура која лишува од сон.

Повеќе:

-ОН: Русија стои зад атентатот врз Навални

-Судот ја одби жалбата на Навални, пресудата потврдена

-Остри критики за пресудата за Навални и задушувањето на протестите

Соработниците на Навални неодамна изразија загриженост за неговото здравје. 44-годишникот вели дека страда од притиснат нерв во грбот. Поради несоодветен медицински третман, му се заканува да ја изгуби десната нога, напиша тој во петокот. Навални во средата напиша на Инстаграм дека постепено повеќе нема чувство ниту во левата нога.

Навални, најгласен противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија каде помина пет месеци опоравувајќи се од труењето со нервен реагенс за кое вели дека е виновен Кремљ. Руските власти ги отфрлија обвинувањата за труењето.