Навални отсега во Русија официјално важи за „терорист и екстремист“ | Свет | DW | 25.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Навални отсега во Русија официјално важи за „терорист и екстремист“

Алексеј Навални е најостриот критичар на Владимир Путин и е затворен во затворски логор. Сега руските власти го преквалификуваа опозицискиот политичар.

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални (архивска фотографија од 2019 година)

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални (архивска фотографија од 2019 година)

Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен во листата на „терористи и екстремисти“ на руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг, јави денеска новинската агенција Франс Прес (АФП)

Еден од блиските соработници на Навални, Љубов Собољ, која сега е надвор од земјата бидејќи беше изложена на  прогон о Русија, исто така е ставена на тој список, според агенцијата, која имала пристап до списокот.

Според  на Фондот за борба против корупцијата, покрај организацијата на Навални која беше забранета во јуни, на списокот се додадени и најмалку девет лица поврзани со опозициското движење.

Одлуката е дел од мерките за репресија против опозицијата и критичките гласови во Русија, наведува АФП.

Списокот на Росфинмониторинг вклучува илјадници поединци и стотици политички, исламистички, религиозни и ултранационалистички организации забранети во Русија. На списокот се, на пример,талибанците и Исламската држава.

Во средината на јануари, на списокот беа додадени и двајцата главни соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во странство.

Навални беше уапсен на 17 јануари 2021 година на аеродромот во Москва, откако се врати од опоравувањето во Германија по тешкото труење во Сибир во август претходната година, за кое, како што рече, одговорен е  рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа, Навални беше осуден на две и пол години затвор за случајот „проневера“, што тој го окарактеризира како политички прогон.