Мјанмар: Новинарите на Ројтерс на слобода по 500 дена затвор | Свет | DW | 07.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Мјанмар: Новинарите на Ројтерс на слобода по 500 дена затвор

Известувањето за масакрот врз Рохингите беше кобно за Ва Лон и Кјау Соу О. Сега репортерите на новинската агенција Ројтерс се пуштени на слобода преку декрет за помилување.

По повеќе од 500 дена во затворот во Мјанмар, поради кршење на Законот за службена тајна, двајцата новинари на новинската агенција Ројтер се пуштени на слобода.

Репортерите Ва Лон (33) и Кјау Соу О (29) во септември беа осудени во Мјанмар на 7 години затвор во случајот кој поттикна прашања за напредокот на земјата кон демократија и предизвика вознемирување кај дипломатите и кај борците за човекови права.

Новинарите се ослободени со амнестијата од претседателот Вин Мината, кој минатиот месец помилува илјадници други затвореници во масовните амнестии. Во Мјанмар е вообичаено властите да ослободуваат затвореници ширум земјата во време на традиционалната Нова година, која започна на 17 април. Ројтерс истакна дека двајцата новинари не сториле никакво злосторство, и повика на нивно ослободување.

Од затворот Инсеинд, Ва Лон излезе со насмевка и со подигнат палец, заблагодарувајќи им се на сите за меѓународните напори за нивна слобода. „Среќен сум и возбуден што го гледам моето семејство и моите колеги. Едвај чекам да отидам во мојата редакција“, рече Ва Лон. Кјау Соу О со насмевка ги поздравуваше новинарите.

Реакции за ослободувањето на новинарите

Пред нивното апсење, во декември 2017 година, работеа на истражување на убиството на 10 мажи и едно момче од Рохинга муслиманите од страна на силите за безбедност и будистичките цивили во западната сојузна држава Ракајн, за време на воените акции кои започнаа во август 2017 година. За време на операциите над 730.000 Рохинџа муслимани побегнаа во Бангладеш, според проценките на ОН.

Извештајот кој го напишаа двајцата новинари, со сведоштва од сторителите, сведоците и семејствата на жртвите, доби Пулицерова награда за меѓународно извествување во мај наредната година.

Главниот и одговорен уредник на Ројтерс, Стефен Ј. Адлер, ја поздрави веста.

„Исклучително сме задоволни што Мјанмар ги ослободи нашите храбри репортери, Ва Лон и Кав Сое О. Од нивното апсење пред 511 дена, тие станаа симбол на слободата на медиумите ширум светот. Го поздравуваме нивното враќање“, рече Адлер.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази водушевување поради нивното пуштање на слобода.

 

Реклама