Муслимански бутици во Германија поврзани со екстремни салафисти | Свет | DW | 16.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Муслимански бутици во Германија поврзани со екстремни салафисти

Хиџаби бутиците во централен Франкфурт продаваат никаби, бурки и други видови превези за муслиманските жени. Според експертите, во позадина, шират и радикална пропаганда.

Бутикот има повеќе модели за жени кои сакаат да испробаат различни верзии на исламската мода, и повеќето можат да се погледнат на интернет-страницата на компанијата. Освен здолништата и фустаните во различни бои и за различни пригоди, во продавницата можат да се најдат и превези и шамии.
Но Хиџаби бутиците сѐ повеќе се на удар и поради наводните врски со салафисти. Неделава, германскиот јавен сервис АРД извести дека продавниците како Хиџаби и слични во други градови низ Германија, им помагаат на жените да се интегрираат во традиционалниот исламски начин на живот, притоа асимилирајќи ги во салафизам, и на крајот, во екстремен ислам.

ДВ се обиде да контактира со сопствениците на Хиџаби и на други бутици за исламска облека. За жал, никој не одговори на нашите прашања.

Susanne Schröter vom Institut für Ethnologie Universität Frankfurt

Сузане Шретер, експерт за исламски феминизам и екстремизам на Универзитетот Франкфурт

Салафистички животен стил

Според Брукингс институтот „салафизмот е идеја дека најавтентичниот и вистински ислам се наоѓа во примерите на најраните, праведнички генерации муслимани, познати како салафи, кои и временски и просторно биле најблиску до пророкот Мухамед“.

Бутиците кои продаваат никаб и бурка се множат во Германија во последните 10 до 15 години, вели Сузане Шретер, експерт за исламски феминизам и екстремизам на Универзитетот во Франкфурт. Денес, забележливи се повеќе жени со никаб затоа што и германски жени сакаат да се облекуваат на тој начин.

„Овој бутик во Франкфурт, Хиџаби, е поврзан со салафистичката потрошувачка култура. Салафизмот не е само религиско или политичко движење, тоа е и начин на живот. Луѓето кои ја следат оваа идеологија сакаат целиот живот да им биде во согласност со салафистичката утопија“, вели Шретер.

Многу салафисти преферираат органски производи, затоа што такви биле и додека живеел пророкот. „Тоа вклучува сапун, свежо цеден портокал и разни други нешта. Постојат и брендови исламска мода за мажи, вклучително и маички со слогани“, вели експертката.

Кога модата ќе стане опасна

Носењето на бурка во Германија станува и бунт, затоа што емоциите против муслиманите се сѐ посилни. Оние кои ја носат веруваат дека потчинувањето на божјите закони е многу поважно од непријателите кои ги создаваат со својот избори, вели Шретер. Облеката се прави и за деца од една или две години.
„Токму затоа е толку опасна. Тие се дел од култура во која членовите сакаат да покажат дека ѝ припаѓаат на исламската идеологија. Патријархат, антидемократско размислување, поддршка за насилство - затоа што веруваат дека живеат во свет кој е антимуслимански“, вели Шретер.

Овие продавници би можеле да им помогнат да се поврзат со групи кои промовираат таква политика, меѓу другото и затоа што ги наведуваат купувачите да го читаат Куранот и други активности кои влијаат врз нивните погледи.

Сопственикот на Хиџаби е Абделатиф Руали, познат салафист од Рајнската област. Тој беше основач на забранетата организација Дава ФФМ, која ги повикуваше своите следбеници да го следат Куранот. Познато е дека има тесни врски и со Пјер Фогел, кој отворено го пропагира шеријатското право над Уставот.

Islamisten-Kundgebung in Hamburg

Пјер Фогел, отворено го пропагира шеријатското право во Германија

Во 2014, Руали отвори продавница во центарот на Франкфурт наречена „Мека“. Но постојаните поплаки од соседите го принудија да затвори. „Ја затворија продавницата ,затоа што открија дека водата 'Мека' не е од светиот град, туку од франкфуртскиот водовод“, вели Шретер.

Самиот факт што Руали е дел од забранета организација не значи дека законот го спречува да започне сопствен бизнис.

„Секој може да отвори бизнис сѐ додека не продава или не прави нешто што е против законот“, заклучува Шретер.

Реклама