Мун ветува „нова Кореја“ | Свет | DW | 10.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мун ветува „нова Кореја“

Новиот претседател на Јужна Кореја сака мир со „дивиот“ сосед на северот. Мун Џае Ин во основа би отпатувал и во Северна Кореја за да ја оствари таа цел. Контрастот со претседателот на САД не може да биде поголем.

Мун Џае Ин денеска положи заклетва за нов претседател на Јужна Кореја и веднаш по инаугурацијата изјави дека е подготвен да ја посети Северна Кореја доколку за тоа има услови, за да разговара за агресивното спроведување на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Тензиите меѓу Јужна Кореја и северниот сосед особено се засилија за време на 2016 година кога Северна Кореја спроведе неколку нуклеарни и балистички проби.

Попустливиот став на Мун кон Северна Кореја би можел да предизвика тензии со Вашингтон, кој, во обидот да ја утврди политиката под претседателот Доналд Трамп, се користи со разни методи, од закани со воена акција до навестувања за дијалог.

Мун, обраќајќи се за време на полагањето на заклетвата во канцеларијата како прв либерален шеф на државата по една деценија истотака, рече оти „искрено ќе преговара“ со САД, главниот сојузник на Сеул, и со Кина, главниот трговски партнер на Јужна Кореја, за поставувањете на спорниот американски систем за противракетна одбрана ТХААД на југот на Јужна Кореја. Поставувањето на тој систем го налути Пекинг, чии официјални лица рекоа дека силните радари на тој систем му овозможуваат на Вашингтон да ги шпионира кинеските воени операции. Мун по инаугурацијата порача дека сака да создаде „нова Кореја“.

Убедлива победа

Либералниот политичар Мун Џае Ин оствари убедлива победа на вчера одржаните претседателски избори во Јужна Кореја, освојувајќи околу над 41 насто од гласовите, речиси двојно повеќе од најсериозниот противкандидат, конзервативецот Хонг Џун Пјо со околу 23 проценти. 

Во говорот во парламентот неколку часа откако беше прогласен за победник на изборите, Мун вети оти ќе се труди за зачувување на мирот на Корејскиот Полуостров.

„Брзо ќе започнам со решавање на кризата на државната безбедност. Подготвен сум да отидам каде било заради мир на Корејскиот Полуостров- ако треба, веднаш ќе отидам во Вашингтон. Ќе одам во Пекинг и во Токио. Ако одговараат условите, ќе отидам во Пјонгјанг“, рече Мун. Тој за време на кампањата се залагаше за дијалог со Северна Кореја, што ќе биде промена на досегашната јужнокорејска политика. Мун е поранешен припадник на јужнокорејските специјални сили кој стана адвокат за одбрана на човековите права.

 

DW.COM

Реклама