Музичкиот Пикасо денеска полни 75 години | Панорама | DW | 24.05.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Музичкиот Пикасо денеска полни 75 години

Музичарот кој го револуционализираше пишувањето песни, често користејќи поезија и хумор за да искаже социјален протест, денеска полни 75 години.

Да започнеше да музицира во денешното амбивалентно интернет време, веројатно ќе беше несфатен протестен музичар со Јутјуб канал, но за среќа на љубителите на музиката Роберт Цимерман го издаде својот прв албум во 1962 година.

USA Barack Obama und Bob Dylan in Washington

Претседателот на САД, Барак Обама на Дилан му го додели Медалот на слободата во мај 2012 година.

Тој беше составен главно од кавер верзии и само две негови композиции. Но веќе вториот албум во 1963-та ја содржеше легендарната Blowin' in the Wind - песна на една цела генерација.

Bob Dylan

Концерт во Шпанија во 2012 година

Боб Дилан стана икона и гласник на протестното движење, кое се спротистави на војните и угнетувањето во светот. „Пикасо на музиката“, рок- револуционерот Дилан денеска полни 75 години.

Гледај видео 00:27

Музичкиот Пикасо денеска полни 75 години