Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година | Економија | DW | 24.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година

Сомнежи во реформските способности, девизни резерви во опаѓање и пред сѐ должнички ризик. Експертите за кредитен рејтинг од Мудис идентификуваат многу причини поради кои критички гледаат на бонитетот на Кина.

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Мудис ја намали оценката за кредитоспособноста на Кина поради загриженост за судбината на една од најголемите светски економии.

Мудис го спушти кредитниот рејтинг од Аа3 на А1, но домашните власти тврдат дека станува збор за претерана претпазливост. Министерот за финансии на Кина истакна оти се предимензионираат економските потешкотии и се потценуваат реформите кои ги спроведуваат властите. Намалувањето на кредитниот рејтинг ќе го отежни задолжувањето. „Кинеската финансиска моќ ќе паѓа во наредните години, а долгот ќе расте додека економскиот раст се забавува“, наведоа експертите во една од Топ 3 меѓународни агенции за кредитен рејтинг.  Истотака критички Мудис го оценува падот на девизните резерви на втората по големина светска економија.

Берзите во Кина добро го издржаа намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата. На почетокот на тргувањето со акции, беше забележан надолен тренд, но подоцна индексите ја повратија вредноста.

Кинеската економија во 2016 година забележа најнизок раст од 1990 година наваму. Тој изнесуваше 6,7 проценти, додека прогнозата за годинава изнесува околу 6,5 %. Во првиот квартал од 2017 година стопанството на Кина со 6,9 проценти растеше изненадувачки бргу, но набљудувачите за остатокот на годината очекуваат тренд на забавување.

 

Реклама