Мугабе се прилепил за власта | Свет | DW | 20.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мугабе се прилепил за власта

Војската изврши пуч, неговата партија го лиши од партиското претседателство, населението бара нов почеток: „вечниот“ претседател на Зимбабве не е импресиониран од сето ова. Роберт Мугабе не размислува да поднесе оставка.

Во со нетрпение очекуваното обраќање кон нацијата, кое беше емитувано во живо на државната телевизија, 93-годишниот Роберт Мугабе неочекувано јасно истакна дека не размислува да поднесе оставка. Претходно, од многу страни беше јавено рекоа дека Мугабе се согласил да поднесе оставка во преговорите со военото раководство и оти само уште се работи на изјавата за поднесување на оставка.

Негирање на реалноста?

Мугабе, од друга страна, во својот говор најави дека ќе претседава со владејачкиот конгрес на ЗАНУ-ПФ во декември. Тој , како што истакна, ќе го постави курсот за иднината. Фактот дека неговата партија само неколку часа претходно му го одзема претседателското место и му даде ултиматум да поднесе оставка и од функцијата шеф на државата, Мугабе не го спомна на кој било начин.

Мугабе  во својот говор само призна дека прифаќа оти има критики против него од партијата, од војската и од народот. Тој исто така истакна дека лошата економска ситуација и борбите во владејачката партија фрустрираат многумина во земјата.

ЗАНУ-ПФ се заканува со импичмент

Партијата ЗАНУ-ПФ му дала на шефот на државата 24-часовен рок. Ако Мугабе доброволно не поднесе оставка на функцијата до денеска на пладне, членовите на владејачката партија утре ќе го симнат од функцијата со гласање за недоверба.

Во неделата Мугабе, неговата сопруга Грејс и неколку министри беа исклучени од партијата.

ЗАНУ-ПФ го номинираше поранешниот потпретседател Емерсон Мнангагва, кој пред неколку недели беше отпуштен од страна на Мугабе, како негов наследник на партиското раководство. Се вели дека 75-годишникот според волјата на партијата ќе го наследи Мугабе и како претседател на државата. Ова сценарио очигледно, исто така го преферира и војската на Зимбабве, која во минатата среда го стави Мугабе во домашен притвор, очигледно, за да спречи неговата исклучително неомилена сопруга Грејс да стане негова наследничка на чело на државата.

 

DW.COM

Реклама